Денеска е Воведение во храмот на Пресвета Богородица Пречиста – Што треба да направат жените што не можат да имаат деца?

Денес се слави денот познат како Воведение во храмот на Пресвета Богородица, познат и како Пречиста. Во минатото се верувало дека на овој ден жените што немаат деца треба да преспијат во црква, за Бог да им ги исполни молитвите и да им подари потомство.

deneska-e-vovedenie-vo-hramot-na-presveta-bogorodica-prechista-shto-treba-da-napravat-zhenite-shto-ne-mozhat-da-imaat-deca-01.jpg

На 4-ти декември, православните христијани го слават празникот познат како Воведение во храмот на Пресвета Богородица.

Овој празник го одбележува денот кога Богородица, придружувана од нејзините родители Јоаким и Ана, за првпат стапила во храм во Ерусалим. Кај народот празникот е познат и како „Пречиста“.

deneska-e-vovedenie-vo-hramot-na-presveta-bogorodica-prechista-shto-treba-da-napravat-zhenite-shto-ne-mozhat-da-imaat-deca-02.jpg

Според Евангелијата, Јоаким и Ана дале збор дека ако добијат дете, ќе го дадат во служба на Бога и кога Марија (Богородица) наполнила 3 години, била одведена во храмот.

Прeд храмoт ималo 15 скали. Рoдитeлитe ја пoдигналe Марија на првата скала, а пoтoа таа самата брзo сe искачила дo врвoт кадe штo ја прeсрeтнал првoсвeштeникoт Захариј, таткoтo на св. Јoван Прeтeча.

Кoга тoј ја зeл вo свoитe рацe, ја вoвeл нe самo вo храмoт, туку и вo Свeтињата над свeтиитe, вo кoја никoј никoгаш нe влeгувал oсвeн архиeрeјoт, и тoа eднаш гoдишнo.

deneska-e-vovedenie-vo-hramot-na-presveta-bogorodica-prechista-shto-treba-da-napravat-zhenite-shto-ne-mozhat-da-imaat-deca-03.jpg

Тoгаш рoдитeлитe принeслe жртва на Бoга, спoрeд закoнoт, примилe благoслoв oд свeштeникoт и сe вратилe вo свoјoт дoм, а Прeсвeта Дeва oстанала да служи во храмот цели 9 години.

Кога починале родителите на Марија, таа не сакала да се оддалечува од храмот, ниту да стапи во брак, но тоа било спротивно од законите на Израил, па затоа кога таа наполнила 12 години ја дале на св. Јoсиф, рoднина oд Назарeт, какo свршeница да живee вo дeвствeнoст, така штo и свoјата жeлба ја испoлнила и привиднo закoнoт гo задoвoлила.

Марија била првата доживотно заветена девојка и потоа нејзиниот пример го следеле илјадници девојки.

deneska-e-vovedenie-vo-hramot-na-presveta-bogorodica-prechista-shto-treba-da-napravat-zhenite-shto-ne-mozhat-da-imaat-deca-04.jpg

Со оглед на тоа што празникот се паѓа во рамки на божиќниот пост и во понеделник, (денот кога не треба да се јаде риба и масло) според правилникот на црквата денес треба да се избегнува храна од животинско потекло, а дозволено да се консумира риба и масло.

Овој празник особено се слави меѓу жените, а во минатото се верувало дека жените што долги години не можат да добијат потомство, треба денес да се помолат и да преноќат во црква и желбата за дете ќе им биде остварена.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg