Comtrade System Integration Adriatic сега е Microsoft Licensing Solution Partner во Македонија и Косово

Скопје, 22 април 2019 г. - Comtrade System Integration Adriatic денес објави дека потпиша партнерски договор со Microsoft за да стане Microsoft Licensing Solution Provider (LSP) во Северна Македонија и Косово. Компанијата се квалификуваше за овој статус врз основа на своите резултати во иновации, инженерски ресурси и деловна извонредност во испораката на Microsoft облак решенија во Јадранскиот регион. Comtrade System Integration Adriatic сега има статус на LSP во Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Косово.

comtrade-system-integration-adriatic-sega-e-microsoft-licensing-solution-partner-vo-severna-makedonija-i-kosovo-01.jpg

Comtrade System Integration Adriatic сега може да им понуди комплетно портфолио на Microsoft облак услуги на своите клиенти во Северна Македонија и Косово. Покрај понудите за Microsoft, Comtrade System Integration Adriatic има воспоставено Adriatic Microsoft Competence Center кој ќе ги промовира најдобрите практики и ќе им обезбеди на клиентите знаења за тоа како најдобро да ги искористат решенијата на Microsoft во доменот на машинско учење, AI, предвидлива аналитика и дигитални работни места.

Иднината на бизнисот лежи во усвојувањето и искористувањето на дигиталните технологии. Тимовите на Comtrade SI, создадени од Microsoft сертифицирани професионалци, работат со партнери и клиенти низ целиот свет за да ги донесат најновите иновации во облакот, анализата на големи бази на податоци, безбедноста, хибридните Cloud средини, алатките за деловна соработка и други Microsoft технологии.

Овој статус е клучен чекор во мисијата на компанијата да ги поттикне бизнисите во регионот да соработуваат подобро, да нудат подобри услуги за клиентите и да освојат нови можности со примена на Microsoft Cloud технологијата за дигитална трансформација.

„Microsoft е и секогаш ќе биде организација која е заснована на својот екосистем со партнери од светски ранг. Обезбедувањето на поддршка за нашите клиенти од страна на мрежата на експерти кои нудат решенија кои помагаат во напредокот на дигитализацијата на бизнисот,  е стратешки приоритет во кој сме длабоко вложени", рече Љупчо Георгиев, генерален директор, Microsoft Северна Македонија и Косово.

Comtrade System Integration Adriatic формираше посветен тим на професионалци кои ќе се фокусираат на донесување на нови бизнис искуства за клиентите во Босна и Херцеговина, во индустриите како што се банкарство, осигурување, телекомуникации, здравство, енергетика и комунални услуги и јавен сектор. Тим на Microsoft експерти од целиот Јадрански регион е подготвен да ја поддржи новата операција.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg