НЕОТЕЛ со специјална понуда за подигнување на еколошката свест кај граѓаните
- Детали
- петок, 08 март 2019
Во текот на овој месец, телекомуникацискиот оператор НЕОТЕЛ претстави специјална понуда со цел зголемување на еколошката свест кај граѓаните. Имено, со склучување на нов договор на некој од пакетите за домашни корисници и активирање на електронска сметка, операторот им овозможува 30% попуст на сметките во првите шест месеци од договорот.
Како општествено одговорна компанија, НЕОТЕЛ ги повикува граѓаните заеднички да се вклучат во заштитата на животна средина. Електронските сметки корисниците ги добиваат на својата е-маил адреса, на почетокот од тековниот месец, без доцнење и воедно им се овзоможува на едно место да имаат евиденција за пристигнатите сметки. Сите сметки корисниците може да ги плаќаат преку електронскиот систем за плаќање директно на веб- страницата на НЕОТЕЛ со што им се овозможува брзо процесирање на уплатата без никакви банкарски провизии.
Неотел веќе 15 години нуди висококвалитетни телекомуникациски услуги на своите приватни и деловни корисници. Во рамките на својата понуда нуди супер брз оптички интернет, бежичен ЛТЕ интернет, интерактивна телевизија со бројни ТВ-канали како и Android ТВ-уред кој овозможува пристап до бројни апликации директно на телевизорот.
Повеќе информации за понудата дознајте на следниот линк