Повисоките критериуми за вакцините, е причина зошто некои компании негодуваа на последното отворање на понудите за последната јавна набавка за вакцини, за следните две години во Македонија. Сменетите критериуми за вакцините, каде се бара поголема валентност на вакцината, предизвика реакција кај некои фармацевтски компании, кои тврдеа дека нешто не е во ред со тендерот. Но, од Министерство за здравство објаснуваат дека овој пат критериумите се повисоки од минатите години и тоа за вакцината ХПВ, Рота и пнеумококната вакцина...