Започна постапката за основање на пензиско осигурување во Македонија

zapocna-postapkata-za-osnovanje-na-penzisko-osiguruvanje-vo-makedonija-001.jpg

Заваровалница Триглав известува, дека достави барање за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови до македонската агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Намерата за ширење на Групацијата Триглав на македонскиот пазар на пензиско осигурување е во согласност со нејзините стратешки насоки.

Заваровалница Триглав

Заваровалница Триглав е лидер во класичното осигурување во Словенија и матично друштво на Групацијата Триглав. Се состои од мрежа од 12 подрачни единици, 38 претставништва, со бројни продажни групи и локации за склучување на договори и со преку 660 претставници за осигурување низ цела Словенија. Во својата понуда ги вклучува сите видови приватни и имотни осигурувања, како што се осигурување на имот и имотни интереси, авомобилиски, земјоделски, транспортни осигурувања, осигурувања на побарувања, како и патнички осигурувања. Заокружената понуда на приватни осигурувања се состои од сите облици на осигурувања на живот, рентни, пензиски, здравствени осигурувања и осигурувања во случај на незгода.

Групација Триглав

Групацијата Триглав со своето знаење, искуство и финансиска моќ повеќе од 117 години ја оправдува довербата на осигурениците дека најдобро ќе се погрижи за нивната безбедност и иднина. Клучните столбови на работењето се осигурување и управување со имот. Најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа е една од водечките  институции во Југоисточна Европа, работи во шест држави на седум пазари, на кои вработува скоро 5.000 луѓе. Групацијата Триглав задржува цврста финансиска стабилност, висока адекватност на капиталот и профитабилност во работењето, што се потврдува и со високата бонитетна оценка »A», доделена од две признати бонитетни агенции. Главните вредности на друштвото се едноставност, агилност и доверливост, а со својата мисија тежнее кон градење на побезбедна иднина. Со својата визија се стерми кон динамичен развој на нови начини на работење, кои се темел на одговорен, долгорочен развој, а истовремено работи профитабилно и безбедно.

Би можело да ве интересира:

Новогодишна честитка од штипската четворка: Слатките бебиња во празнични костими со Дедо Мраз (фото) Штипската четворка, бебињата Михаил, Теодор, Ведран и нивната сестра Леонтина, ј...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Генијалецот Македон (9) напиша книга од областа на астрономијата: „Сакам да имаме повеќе научници во... Освојува медали по математика, игра шах, а нашол време и да напише цел научен тр...
Аделина Тахири со сестра ѝ Диана (17) и синот на одмор во Египет: „Мојот живот во една слика“ По Дубаи, Аделина ужива на брегот на Црвеното Море во Египет. Овојпат друштво ѝ ...
Тамара прослави 1 година љубов со саканиот Лука: „Ова е наш ден“ Тамара Тодевска и нејзиниот дечко, архитектот Лука Радовиќ, својата прва годишни...
Тамара на летување во Полихроно со децата и саканиот Лука, друштво им прави и Тијана Иако се сместени во Полихроно, Тамара со децата и Лука посетија неколку плажи на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg