Тамара прослави 1 година љубов со саканиот Лука: „Ова е наш ден“

Тамара Тодевска и нејзиниот дечко, архитектот Лука Радовиќ, својата прва годишнина од врската ја одбележаа со фотки на Инстаграм, а тој ден беа и на роденденска забава кај нивен пријател.

tamara-proslavi-1-godina-ljubov-so-sakaniot-luka-ova-e-nash-den-01.jpg

Пејачката Тамара Тодевска и нејзиниот дечко, архитектот Лука Радовиќ, прославија една година љубов.

Својата среќа Тамара ја сподели преку Инстаграм, па на Стори објави неколку фотографии и видеа со Лука.

„Ова е наша сабота. Среќна годишнина љубов моја“, напиша таа.

tamara-proslavi-1-godina-ljubov-so-sakaniot-luka-ova-e-nash-den-04.jpg

tamara-proslavi-1-godina-ljubov-so-sakaniot-luka-ova-e-nash-den-05_copy_copy_copy.jpg

Годишнината Тамара и Лука ја прославија на роденденска забава кај нивен пријател.

Тие цела вечер играа, а во еден момент Тамара го зеде микрофонот, па им запеа на гостите.

tamara-proslavi-1-godina-ljubov-so-sakaniot-luka-ova-e-nash-den-09.jpg

tamara-proslavi-1-godina-ljubov-so-sakaniot-luka-ova-e-nash-den-06_1_copy.jpg

На прославата беа и пејачката Ивона Јо и фотографот Мартин Трајановски.

tamara-proslavi-1-godina-ljubov-so-sakaniot-luka-ova-e-nash-den-06.jpg

tamara-proslavi-1-godina-ljubov-so-sakaniot-luka-ova-e-nash-den-07.jpg

Дека се во врска, Тамара и Лука открија лани во септември, кога објавија фотки од Водно, на кои пејачката го бакнува во образ саканиот.

tamara-proslavi-1-godina-ljubov-so-sakaniot-luka-ova-e-nash-den-03.jpg

tamara-proslavi-1-godina-ljubov-so-sakaniot-luka-ova-e-nash-den-02.jpg

Оттогаш тие се постојано заедно, често одат на патувања во земјава и надвор, а со нив скоро секаде се и децата на Тамара од првиот брак, ќерката Хана и синот Дарен.

Кога во февруари Лука славеше роденден, Тамара објави серија фотки со емотивна порака.

„До месечината и назад. Среќен роденден љубов. Ти си мојот почеток и крај“, напиша тогаш таа.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тамара со љубовна роденденска порака за саканиот: „Ти си мојот почеток и крај“ „Среќен роденден љубов, те сакам“, напиша Тамара на Инстаграм и му го честита ро...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Тамара Тодевска, Сара Мејс – Познати Македонци чии деца се првачиња овој септември ‘24 „Среќно деца мои“ – напиша Тамара, која заедно со Лука ги испрати на првиот школ...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...
Македонки плетат ќебенца за децата без родители – Зошто овој проект ми го стопли срцето? „Секое дете заслужува љубов и топлина!“ Со оваа помисла одлучив да се вклучам во...
Тамара Тодевска и Катарина Ивановска со децата на Матка: Со бротче низ клисурата, ја посетија пештер... И покрај студеното време и температури околу нулата, Тамара и Катарина ги одведо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg