Македонки плетат ќебенца за децата без родители – Зошто овој проект ми го стопли срцето?

Секое дете заслужува љубов и топлина! - Со оваа помисла одлучив да се вклучам во проектот на група Македонки кои плетат ќебенца за децата кои растат без родителска грижа. Сфатив дека со моите две раце можам да направам нешто за да помогнам таму каде што сум потребна, а тоа нема да ме чини ништо.

makedonki-pletat-kjebenca-za-decata-bez-roditeli-humanitaren-proekt-shto-mi-go-stopli-srceto-i-vo-koj-kje-se-priklucham-01.jpg

Пред да почине, мајка ми сплете розово меко ќебенце за ќерка ми.

Знаеше дека сум бремена и дека носам девојче, па избрала соодветна „пембе“ розова боја и заедно со куклите и облеката што ја донесе како подарок, го стави и ќебенцето.

„Да ви се најде“ – ни рече!

makedonki-pletat-kjebenca-za-decata-bez-roditeli-humanitaren-proekt-shto-mi-go-stopli-srceto-i-vo-koj-kje-se-priklucham-03.jpgфото: Pinterest

Мајка ми не е со нас веќе неколку години, а ќерка ми порасна со ќебенцето. Денес има седум години, па често кога е вознемирена и уплашена знае да се стутка под плетеното ќебенце од баба за да се стопли.

„Секое дете заслужува таква љубов и топлина!“ – си мислам кога ја гледам така стуткана.

makedonki-pletat-kjebenca-za-decata-bez-roditeli-humanitaren-proekt-shto-mi-go-stopli-srceto-i-vo-koj-kje-se-priklucham-02.jpgфото: Pinterest

Можеби таа беше првата слика што ми излезе пред очи, дента кога првпат слушнав за проектот „Плетени коцки“ на групата граѓани, кои сплотени заедно дејствуваат во хуманитарни цели.

makedonki-pletat-kjebenca-za-decata-bez-roditeli-humanitaren-proekt-shto-mi-go-stopli-srceto-i-vo-koj-kje-se-priklucham-22_2.JPG

Овие Македонки плетеа во текот на минатите зими за да направат облека и да им помогнат на социјално загрозените групи, плетеа октоподи наменети за предвреме родените деца, а сега плетат коцки од кои се прават преубави ќебенца наменети за децата без родители.

makedonki-pletat-kjebenca-za-decata-bez-roditeli-humanitaren-proekt-shto-mi-go-stopli-srceto-i-vo-koj-kje-se-priklucham-04.jpg

Секоја членка плете коцки со димензии од 20×20 центиметри, а потоа од нив се создава големо шарено ќебенце. Кој не знае да сплете цело ќебе, може само да плете коцки, кои ќе бидат дел од ќебињата.

Идејата произлегува од проект наречен „Knit a Square“ со кој им се помага на дечиња од Јужна Африка, а кај нас им се помага на дечиња кои, за жал, растат без родителска грижа.

„Се плетат ќебенца наменети за Јавната установа за доенчиња и мали деца во Битола, а доколку има повеќе од потребното, тие ќе се распределат и на децата во други домови и установи“ – ми појаснија Гога и Александра, двете организаторки на проектот.

makedonki-pletat-kjebenca-za-decata-bez-roditeli-humanitaren-proekt-shto-mi-go-stopli-srceto-i-vo-koj-kje-se-priklucham-05.jpg

Бев премногу возбудена дента кога првпат отидов на состанок во едно скопско кафуле, каде се собраа членките од групата со цел да покажат што сработиле во изминатиот период.

Пред мене гледав стотици коцки, сплетени со многу љубов и грижа. Ќебенца кои мирисаа на омекнувач, меки и топли.

makedonki-pletat-kjebenca-za-decata-bez-roditeli-humanitaren-proekt-shto-mi-go-stopli-srceto-i-vo-koj-kje-se-priklucham-15.JPG

Везени со детски животни, цвеќиња или најразлични плетки изработени со една и две игли.

Секоја жена има своја приказна, зошто одлучила да се вклучи, а средбата беше прекрасно едночасовно дружење во кое се собираа и се распределуваа собраните донации во форма на волници, игли и материјали.

makedonki-pletat-kjebenca-za-decata-bez-roditeli-humanitaren-proekt-shto-mi-go-stopli-srceto-i-vo-koj-kje-se-priklucham-18.JPG

Кој не може да плете, добредојден е да помогне со донирање волници и игли кои веднаш се распределуваат на жените кои сакаат да плетат, а освен од Скопје имаше и неколку членки од другите градови на Македонија.

makedonki-pletat-kjebenca-za-decata-bez-roditeli-humanitaren-proekt-shto-mi-go-stopli-srceto-i-vo-koj-kje-se-priklucham-17.JPG

На тој начин, секој од нас може да помогне за да стопли нечиј живот, да му даде топлина и љубов на некое детенце, кое ќе знае дека под ќебенцето кое некоја жена го сплела со многу љубов, секогаш ќе може да најде заштита и утеха.

makedonki-pletat-kjebenca-za-decata-bez-roditeli-humanitaren-proekt-shto-mi-go-stopli-srceto-i-vo-koj-kje-se-priklucham-22.JPG

Ми се допадна целата идеја, па и јас почнав полека да плетам едно ќебенце, на кое верувам дека ќе се посветам во слободното време што ќе го имам во наредните неколку месеци.

makedonki-pletat-kjebenca-za-decata-bez-roditeli-humanitaren-proekt-shto-mi-go-stopli-srceto-i-vo-koj-kje-se-priklucham-21.JPG

Зошто? Затоа што секое дете заслужува да има љубов и топлина, но и безбедно ќебенце под кое ќе се стутка во моментите на несигурност и страв.

Затоа што секое дете заслужува љубов, а ние мајките најдобро знаеме дека подарената љубов никогаш не се дели, туку со множи со бројот на срцата на коишто им ја даваме.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Б. С. Б.

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg