Тамара со децата и со саканиот Лука во Дојран: „Еден викенд во август“
- Детали
- среда, 14 август 2024
Водени лудории во базен со поглед на Дојранското Езеро, семејно гушкање и убави спомени... Тамара Тодевска на Инстаграм покажа како еден викенд уживала во Дојран со саканиот Лука Радовиќ и децата.
Нашата пејачка Тамара Тодевска го користи секој слободен момент за да го помине со децата Хана и Дарен, но и со саканиот Лука Радовиќ, со кого веќе една година е во врска.
Таа на својот Инстаграм профил објави повеќе фотографии од викендот поминат во Дојран, од кои може да се види дека уживале во водени лудории во базен и се забавувале.
Тамара сподели фотки на кои е без грам шминка, а може да се забележи дека навистина блеска од среќа.
Тоа го забележуваат и нејзините пријатели и колеги, кои оставија голем број позитивни коментари до објавата.
Сестра ѝ Тијана во коментарите остави седум црвени срциња, додека мајка ѝ Брана, накратко напиша:
„Многу убава фотографија“.
Тамара и Лука често одат на патувања, споделуваат заеднички фотографии, но и создаваат заеднички спомени.
Во ексклузивно интервју за CRNOBELO.com таа отворено зборуваше за љубовната приказна со архитектот Лука Радовиќ и рече дека тој е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење.
Ни откри и дека тие двајца имаат исти пријатели и познаници и дека така започнала нивната приказна.
Целото интервју со Тамара можете да го проследите ТУКА.
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од денот поминат во Дојран:
Б. С. Б. | Црнобело