КД Фондови станa дел од Generali Групацијата

После постоење на повеќе од четвртина век, КД Фондови станува дел од меѓународната групација Generali. Со основањето на првиот словенечки инвестициски фонд – Galileo, во 1992 година и најстариот хрватски инвестициски фонд KD Victoria, KD Funds стана предводник во индустријата на словенечките инвестициски фондови.

kd-fondovi-stana-del-od-generali-grupacijata-001.jpg

По повеќе од една четвртина век, КД Фондови станува дел од меѓународната Групација Generali. Generali е независна групација за осигурување и управување со средства, основана во 1831 година, присутна во повеќе од 50 земји, со 71.000 вработени. Во 2017 година таа достигна 68 милијарди евра премии и 487 милијарди евра средства на управување. Според Fortune Global 500 извештајот, таа е една од 60-те најголеми светски компании.

Резултатите од индексот произлегоа од анализата на продажбата, профитот, средствата и пазарната вредност. Generali Investments CEE е дел од Групацијата Generali и е најголемата компанија за управување со средства во Централна и Источна Европа со речиси 17 милијарди евра средства на управување.

Лука Подлогар, извршен директор на КД Фондови, за овој важен настан рече: "Покрај тоа што е еден од водечките светски осигурителни компании, Generali е исто така еден од најголемите европски менаџери на средства на управување. Станувајќи дел од семејството Generali Investments, KD Funds ќе ја зајакне способноста за спроведување на својата стратегија за раст во Југоисточна Европа.

Исто така, ќе и овозможи на компанијата да ги прошири своите производи и база на инвеститори, како и да овозможи дополнителни можности за развој на своите вработени. Имаме одличен тим, нудиме напредни и модерни финансиски производи кои постојано се прилагодени на финансиските потреби на пазарот и нашите инвеститори. Долгорочната традиција и знаење на Generali ќе помогне в понатамошното надградување на производите.

Нашиот одличен и искусен тим, во кој веруваме, останува ист. Горди сме што станавме дел од меѓународен тим со победнички начин на размислување. Исклучителни можности се пред нас и јас сум убеден дека ќе ги искористиме во корист на нашите инвеститори ".

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
„Сега сама ги споделувам нашите спомени и дружења“ - Пријателите и естрадата се простуваат од Зоки Ф... „Збогум Зочко, беше прекрасен човек, полн со емпатија, полн со љубов и желба за ...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Моша е мини копија на тато – Синот на Слаткар пее срамежливо негова песна додека се возат (видео) Моша делува малку срамежливо додека пее, но сепак ја знае напамет песната од Сла...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg