Која е храната што донесе РЕВОЛУЦИЈА во начинот на исхрана?

Како го започнувате вашето утро? Дали и вие како и речиси половина од светската популација уживате во чинија житни култури  за прекрасен почеток на секој ден!? Ако е така, денес е ваш празник. Денот за житарките има за цел да ја прослави оваа наша омилена храна за појадок, но и да не подучи малку за нејзината историја. Тие не биле отсекогаш оваа слатка креација што ја наоѓаме во супермаркетите во сите форми, големини и вкусови...

koja-e-hranata-sto-donese-revolucija-vo-nacinot-na-ishrana-01.jpg

Житарките, започнале да се користат како храна во почетокот на 1800-тите, но иако се знаело дека се здрави, тешко биле за џвакање и варење. Во тој период, исхраната во најголем дел се состоела од месо, и тоа претежно говедско и свинско. Последиците од ваквиот тип на исхрана биле забележиви, преголем внес на масти и канцерогени супстации кои предизвикувале здравствени проблеми поврзани со кардиоваскуларниот систем, бубрезите, црниот дроб.

Академиците чувствувале дека е потребна нутритивна транзиција на  општеството и навиките на исхрана,  што воедно донело и духовно и социјално издигнување.

Тука дошло до револуционерно откритие, каде сировите жита почнале да се преработуваат во снегулки и различни форми, а луѓето веднаш почнале да ги забележуваат позитивните промени врз здравјето: подобрена дигестија, регулиран холестерол и крвен притисок, намален морбидитет и енергичен старт на денот.

Кој е виновникот?

Д-р Џејмс Калеб ги креирал сировите трици „Гранула“ за да им помогне на пациентите во неговата болница. Тој сакал да создаде место каде луѓето физички и духовно ќе закрепнат од болест или повреда, па затоа развил програма со здрава исхрана и ресторативни СПА третмани.

Д-р Џон Келог бил исто така поборник и иноватор во здравата исхрана. Тој со помош на своите браќа ја формулирал гранолата за своите пациенти, но и многу други оброци за појадок кои не вклучуваат месо.

Тие биле движечка сила за раѓање на „Житарици за појадок“ а според нивниот метод на преработка се родил нашиот омилен мусли оброк!

koja-e-hranata-sto-donese-revolucija-vo-nacinot-na-ishrana-02.jpg

Како е кај нас?

Во Македонија, Виталиа – домашна компанија, веќе 25 години ни ги носи житните култури во различни форми, комбинации и со мнозинство функционалности – Мусли без додаден шеќер, безглутенски мусли, посни мусли и високопротеински мусли,  целозрнести житарици од пченица, јачмен, овес...

Бидете сигурни дека тие ќе го задоволат Вашиот вкус и желба за здрав оброк!

Би можело да ве интересира:

Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Денес е Вера, Надеж и Љубов – Што треба да направат сите што имаат ќерки? Ако имате ќерка денес треба да ѝ покажете колку ја сакате. Се слави празникот „В...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg