Уникатна вечер во Дистрикт ресторан на спарување соодветно вино со совршено мени

Вечер на гастрономско уживање со спарување на најдоброто вино со соодветно мени организира Дистрик бар и ресторан. На Wine Dinner Series вечерта што ќе се одржи на 5 март (вторник) со почеток во 20.30 часот, гостите во тајните на виното и храната ќе ги водат главниот готвач на Скопје Мериот хотел, Кирил Ставрев и Андон Крстевски, енологот во винарија Стоби.

unikatna-vecer-vo-distrikt-restoran-za-sparuvanje-soodvetno-vino-so-sovrseno-meni-01.JPG

Специјално за вечерта ќе биде подготвено мени составено од шест специјалитети од различни светски кујни, според изборот на главниот готвач Ставрев.

„Тајната на совршеното мени е повеќеслојна и се крие во различни аспекти од приготвувањето на храната, но факт е дека само едно вино одговара на извесна храна и тоа се докажува така што виното ги поттикнува и интензивира вкусовите на храната. Суштината на спарување на виното со храната е токму во тоа да се отворат вкусовите, да се извлече максимумот од виното и од храната, се друго е само оброк. Иако храната и виното секој ги доживува на свој начин оваа вечер ќе биде едно поинакво искуство кое ќе ги задоволи и оние со најспецифичен вкус“, вели Кирил Ставрев, главен готвач на Скопје Мериот хотел.

unikatna-vecer-vo-distrikt-restoran-za-sparuvanje-soodvetno-vino-so-sovrseno-meni-02.JPG

Бело вино, црвено, розе, суво или барик, кој вид вино на какво мени одговора, бескрајното уживање се крие токму во соодветното парирање на јадењето со виното. Покрај уживањето во храната и виното, со советите на главниот готвач и енологот, гостите ќе имаат можност и да научат како да го изберат виното за одредено јадење.

unikatna-vecer-vo-distrikt-restoran-za-sparuvanje-soodvetno-vino-so-sovrseno-meni-03.JPG

„Долгиот пат на секое зрно грозје преку страста на енолозите доаѓа до вашите раце и предизвикува врвно задоволство и уживање. За создавањето на едно шише вино се посветува многу љубов и внимание, токму тоа е преточено во виното и влијае на вкусот, затоа изборот на вистинското вино кое го дополнува јадењето, исто така заслужува посветеност и знаење, затоа што резултатот од тоа е единствено гастрономско доживување”, вели Андон Крстевски, енологот во винарија Стоби.

unikatna-vecer-vo-distrikt-restoran-za-sparuvanje-soodvetno-vino-so-sovrseno-meni-04.JPG

На крајот на вечерта, сите гости на Wine Dinner Series ќе добијат подарок шише вино од винарија Стоби и Дистрикт ресторан. Заради ограничениот број на места, заинтересираните потребно е да резервираат на телефонскиот број 071 238 552.

unikatna-vecer-vo-distrikt-restoran-za-sparuvanje-soodvetno-vino-so-sovrseno-meni-05.JPG

unikatna-vecer-vo-distrikt-restoran-za-sparuvanje-soodvetno-vino-so-sovrseno-meni-06.JPG

unikatna-vecer-vo-distrikt-restoran-za-sparuvanje-soodvetno-vino-so-sovrseno-meni-07.JPG

unikatna-vecer-vo-distrikt-restoran-za-sparuvanje-soodvetno-vino-so-sovrseno-meni-08.JPG

Би можело да ве интересира:

Ивана Кнез: „Мудрував како да се ослабе, а си го колабирав организмот до фаза на клиничка смрт“ „Не 'ждери', не јади затоа што те изневерува партнерот, зашто не ти оди на работ...
„Сега сама ги споделувам нашите спомени и дружења“ - Пријателите и естрадата се простуваат од Зоки Ф... „Збогум Зочко, беше прекрасен човек, полн со емпатија, полн со љубов и желба за ...
Македонец е ѕвезда во новиот спот на Лејди Гага: „Кога сонот ќе стане реалност“ (видео) Гордост! Мајкл Дамески пред 7 години со својот танц ја воодушеви Џенифер Лопез, ...
Запросување во стилот на „Убавицата и ѕверот“ - Ана од Кочани му кажа „да“ на саканиот Мартин „Мартин го осмислил запросувањето од работи кои ни се важни на двајцата: во рест...
Мартија Станојковиќ во Дубаи - Позира во бикини Ручек покрај базен, ден поминат во познат ресторан на плажа и уживање во топлото...
Бев на „Зимзоленд“ во Скопје - Што ми се допадна, а што не на нашиот новогодишен базар? Ако очекувате новогодишен базар во стилот на светските метрополи, најверојатно ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg