Бев на „Зимзоленд“ во Скопје - Што ми се допадна, а што не на нашиот новогодишен базар?

Ако очекувате новогодишен базар во стилот на светските метрополи, најверојатно ќе се разочарате. Но, ако одите за да се забавувате, да се напиете греено вино, да се заблажите со мини крофнички или да се возите на некоја од атракциите во забавниот парк, тогаш „Зимзоленд“ ќе ги исполни сите ваши очекувања.

bev-na-zimzolend-vo-skopje-shto-mi-se-dopadna-a-shto-ne-na-nashiot-novogodishen-market-01.jpg

Веќе неколку дена паркингот на спортскиот центар „Јане Сандански“ е најпосетеното место во Скопје.

Причината за тоа е новогодишниот базар „Зимзоленд“: куќички со кафе и греено вино, сендвичи и мини крофнички, штандови со шеќерна волна и пуканки, но и карамелизирани јаболка, лизгалиште, лунапарк, детска работилница и голема новогодишна елка...

bev-na-zimzolend-vo-skopje-shto-mi-se-dopadna-a-shto-ne-na-nashiot-novogodishen-market-43.jpg

Ако на тоа се додаде и музичката програма со најавените концерти, тогаш ова е местото кое барем еднаш мора да го посетите пред празниците.

Па, за да не бидам покусо, викендов го искористив за кратка прошетка дотаму, со сестра ми и внука ми.

bev-na-zimzolend-vo-skopje-shto-mi-se-dopadna-a-shto-ne-na-nashiot-novogodishen-market-02.jpg

Поминав повеќе од еден час на „Зимзоленд“ и мора да признаам дека не си поминав лошо.

Напротив, се опуштив од секојдневните обврски и уживав и покрај гужвата и дождот кој росеше (а поради кој таа вечер беше откажан концертот).

bev-na-zimzolend-vo-skopje-shto-mi-se-dopadna-a-shto-ne-na-nashiot-novogodishen-market-06.jpeg

Првата помисла ми беше дека нема да можам да најдам место за паркинг, но успеав „од прва“.

Додека по паркингот се движев кон „Зимзоленд“, сфатив дека луѓе цело време доаѓаа и си одеа, па самото паркирање и не е некаков проблем.

bev-na-zimzolend-vo-skopje-shto-mi-se-dopadna-a-shto-ne-na-nashiot-novogodishen-market-08.jpeg

Имаше и автомобили од соседните градови, па се чини дека идејата да се направи празнично катче во Скопје, е навистина успешна (барем за сега).

Кога се приближивме до куќарките со храна и пијалаци, јас тргнав накај виното, внука ми накај крофничките, а сестра ми кон кафето - секоја со своите желби.

bev-na-zimzolend-vo-skopje-shto-mi-se-dopadna-a-shto-ne-na-nashiot-novogodishen-market-17.jpg

Полека одевме кон забавниот парк и десетината атракции.

Додека се движевме низ толпата, од една страна се слушаа среќни извици, а од друга врисоци - зависно кој на какво „возење“ беше.

bev-na-zimzolend-vo-skopje-shto-mi-se-dopadna-a-shto-ne-na-nashiot-novogodishen-market-11.jpg

Каде и да се свртев имаше родители со мали деца, тинејџерски друштва, возрасни луѓе кои уживаа во атмосферата и покрај студеното време.

Добро, факт е дека имаше премногу гужва за мој вкус, но не очекував ништо помалку.

bev-na-zimzolend-vo-skopje-shto-mi-se-dopadna-a-shto-ne-na-nashiot-novogodishen-market-20.jpg

Дури и успеавме да се сликаме покрај елката без да претрчуваат луѓе пред нас (мала победа).

Освен турканиците за автомобилчиња (кој ќе си фати - негово е) и тоа што немаше никаков ред за мини крофничките, па луѓето што чекаа буквално се газеа за да стигнат на ред, имам само уште една замерка, а тоа е лизгалиштето.

bev-na-zimzolend-vo-skopje-shto-mi-se-dopadna-a-shto-ne-na-nashiot-novogodishen-market-31.jpg

Мразот беше растопен, „разгазен“, а децата делуваа како да им е тешко да се лизгаат на него.

Освен тоа, би рекла дека „Зимзоленд“ е супер идеја во градот во кој скоро и да нема ништо накитено и не владее празнична атмосфера.

bev-na-zimzolend-vo-skopje-shto-mi-se-dopadna-a-shto-ne-na-nashiot-novogodishen-market-41.jpg

И иако не наликува на новогодишните базари во светските метрополи, факт е дека нуди многу забава за сите генерации.

Па ако деновиве патот ве одведе накај Аеродром, посетете го „Зимзоленд“. Ако ништо друго, барем за да направите некоја празнична фотка.  

Погледнете повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg