Дали се зголемува инвестициската доверба во Скопје со предвидениот раст на БДП?

Растот на БДП во Северна Македонија се очекува да биде над 4 проценти во првиот квартал од 2019 година, што ќе ги надмине претходните предвидувања од 3,2 отсто за целата година. Овој неочекуван раст е резултат на развојот на производствената индустрија, зголемените инвестиции во патната инфраструктура и зголемениот увоз и извоз во индустриските зони во Северна Македонија. Во комбинација со најниските каматни стапки во последните 20 години, сè повеќе компании и поединци имаат можност да дојдат до слободни финансиски средства, и да започнат нов инвестиционен циклус.

dali-se-zgolemuva-investiciskata-doverba-vo-skopje-so-predvideniot-rast-na-bdp-01.jpg

Проект кој оваа и следната година треба да биде на некој начин економски акцелератор, да влиајае позитивно на растот на БДП секако е инвестицијата на корпорацијата Лимак. Станува збор за проект вреден 200 милиони евра, кој ќе овозможи работа за многу македонски компании суб-контрактори и ќе влијае позитивно на понатамошниот економски раст.

Со "Лимак Дајмонд", се очекува да се зголеми довербата на домашните и странски инвеститори и бизнисот со недвижности да стане попривлечен и поисплатлив. Претпоставките се дека овој проект ќе биде интересен за индивидуалните инвеститори од регионот, како и од Турција, а посебно ќе биде интересен за иселениците кои би сакале и во главниот град на Северна Македонија да имаат свој недвижен имот, кој на долг рок може само да ја зголеми својата вредност. Најголемиот пораст во градежништвото може да се очекува во главниот град Скопје, и потенцијално во други туристички дестинации како Охрид, Маврово и Попова Шапка.

dali-se-zgolemuva-investiciskata-doverba-vo-skopje-so-predvideniot-rast-na-bdp-02.jpg

Инвестирањето во недвижности сè повеќе изгледа како сигурна инвестиција, како нешто поисплатливо во споредба со влог во банка или во хартии од вредност, посебно ако се инвестира во високо квалитетен објект на добра локација во срцето на градот, која секогаш ќе биде актуелн.

Покрај стабилниот раст, се очекува инфлацијата која во 2018 година беше со стапка од 1,5%, да остане умерена, да порасне до 1,8% во 2019 година и 1,9% во 2020 година, покажува најновиот извештај за земјава на Светска Банка.

dali-se-zgolemuva-investiciskata-doverba-vo-skopje-so-predvideniot-rast-na-bdp-03.jpg

Според НБРМ каматните стапки на банкарските производи веќе имаат надолна тенденција, па се очекува да продолжат да опаѓаат во текот на 12-месечниот период,  кој следи. Овој предвиден пад на каматните стапки обезбедува одлична можност за индивидуалните инвеститори да почнат да земаат кредити и да ги вложуваат своите средства во инвестициони форми кои ги сметаат за најдобри.

Никогаш не било подобро време да се инвестира во Северна Македонија, особено кога земјата е веќе пред самиот официјален влез во Нато, и пред вратите на ЕУ.

dali-se-zgolemuva-investiciskata-doverba-vo-skopje-so-predvideniot-rast-na-bdp-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg