Дистрикт бар и ресторан посветува вечер на совршена комбинација на храна со вина од Винарија Тиквеш

(Скопје, 10.04.2019) - Во потрага по вистинското вино за соодветниот специјалитет, Дистрикт бар и ресторан организира втора вечер на спарување вино и храна, Winemaker dinner series. Втората вечер на гастрономско уживање ќе се одржи на 11ти април (четврток) со почеток во 20.30 часот. Во светот на извонредните вкусови и уникатните специјалитети, гостите ќе ги предводи Кирил Ставрев, Главниот шеф во Дистрикт, а за моќта на виното да ги поттикне вкусовите на храната, тајните ќе ги откријат енолозите од винарија Тиквеш, Марко Стојаковиќ, Александра Ристова и Никола Кузмановски.

distrikt-bar-i-restoran-posvetuva-vecer-na-sovrsena-kombinacija-na-hrana-so-vina-od-vinarija-tikves-001.jpg

Целта на организирање на ваквите вечери е да се упатат уживателите во тајните на изборот на соодветното вино и на кој начин виното влијае на вкусот на храната и обратно. За таа цел, Главниот шеф Ставрев подготви специјално мени составено од шест специјалитети од различни светски кујни, кои одговараат на вкусовите, сортата и типот на селектираните вина од винарија Тиквеш во консултација со енолозите.

„И храната и виното го нудат најголемото гастрономско уживање, секое посебно, но врвното уживање доаѓа кога ќе бидат споени вистинската храна со соодветното вино. Можеме да уживаме и да се предадеме на вкусот на едното или на другото, можеме дури и да уживаме во среќно избран пар, но додека не ги дознаеме техниките и тајните што се кријат зад парот, не знаеме колку многу пропуштаме. Комбинирањето вино со храна, има моќ да ги истакне, отвори и поттикне вкусовите, затоа треба да знаеме како да го најдеме соодветниот пар на храна и вино“, вели Кирил Ставрев, главен шеф во Дистрикт.

Соодветно на шесте специјалитети влезени во менито, енолозите од Винарија Тиквеш избраа шест вина од нивното Premium портфолио, чии карактеристики совршено се совпаѓаат со вкусовите на храната.

Заради ограничениот број на места, заинтересираните потребно е да резервираат на телефонскиот број 071 238 522.

Би можело да ве интересира:

10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Мартија Станојковиќ во Дубаи - Позира во бикини Ручек покрај базен, ден поминат во познат ресторан на плажа и уживање во топлото...
Модата на црвениот тепих на втората вечер на „Макфест“ 2024 Што облекоа познатите личности кои присуствуваа во публиката, а што облекоа води...
„Три Круши“ - локалитет во близина на Скопје кој мора да го посетите Тука ќе се релаксирате, ќе уживате во погледот на целиот град а воедно и во миро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg