Во Струга започна реализацијата на проектот ‘mYouth Lead in Shaping the Future [YouLEAD]’

Во Струга започна реализацијата на трансконтинеталниот проект „Младите ја обликуваат иднината [YouLEAD]”, подржан и финансиран од Европската комисија во рамките на Еразмус+ програма.

myouth-lead-in-shaping-the-future-youlead-01.jpg

Во овој двогодишен проект се вклучени претставници на универзитети, бизнис и НВО секторот од 11 држави и тоа од Австрија; Австралија; Бугарија; Германија; Грција; Казакхстан; Киргистан; Непал; Полска; Узбекистан и Северна Македонија.

Основна цел на YouLEAD проектот е да се развијат капацитетите на членовите на проектниот конзорциум (универзитети; бизнис секторот и НВО) за зголемување на јавната свест преку константен притисок врз владите и јавниот сектор за имплементација на целите на одржливиот развој со користење на алатките на дигитилниот маркетинг, пред се, на мобилните телефони.

myouth-lead-in-shaping-the-future-youlead-02.jpg

Проектот е дел од глобалните активности на Обединетите нации за остварување на целите на одржливиот развој фокусирани на намалувањето на сиромаштијата, социјалната правда и одржливоста на животната средина како голем морален и политички императив на нашето време. Овој императив може да се исполни ако постои радикален пресврт. Во срцето на оваа промена во глобалната иновативна агенда е поголема почит кон културната разновидност, регионалната разновидност и демократската одговорност.

Координатор на проектот е Асоцијацијата за истражување, едукација и развој „Маркетинг порта“ од Скопје.

myouth-lead-in-shaping-the-future-youlead-03.jpg

Би можело да ве интересира:

„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
Браво! Наставничка од Негорци направи модна ревија со модели што основците сами ги изработија Преслатки девојчиња од основно училиште позираат во моделите што сами ги изработ...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Македонки плетат ќебенца за децата без родители – Зошто овој проект ми го стопли срцето? „Секое дете заслужува љубов и топлина!“ Со оваа помисла одлучив да се вклучам во...
Македонка објави магични фотки од Аурора Бореалис во Норвешка „За широки хоризонти и нови свесни авантури“ – авторката и тренер за личен разво...
Васил Гарванлиев промовира албум со божиќни песни и слави 40-ти роденден: „Со љубов од Скопје до Чик... „Албумот го пуштам денес, а утре (02.11) ќе го прославам 40-тиот роденден, па ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg