Васил Гарванлиев промовира албум со божиќни песни и слави 40-ти роденден: „Со љубов од Скопје до Чикаго“
- Детали
- петок, 01 ноември 2024
„Албумот го пуштам денес, а утре (02.11) ќе го прославам 40-тиот роденден, па ќе направам истовремено промоција и огромна роденденска журка“, вели Васил Гарванлиев, кој има нов албум наречен Christmas Day.
Нашиот Васил Гарванлиев, денес (01.11) го промовира својот прв албум со божиќни песни, Christmas Day.
Toj излегува само еден ден пред неговиот 40-ти роденден, па пејачот сега има две причини за славење.
Албумот, кој има пет песни, е проект на кој Васил работел цела година.
Во изјава за CRNOBELO.com, тој кажа дека се вложил целосно, со срце и душа и дека е горд на тоа што го направил:
„Празничниот проект од 5 песни се вика Christmas Day, од Скопје до Чикаго, направен со љубов, страст и многу празничен дух.
Оркестарот, т.е музиката, се снимаше во Скопје, а детскиот хор и госпел хорот се снимаа во Чикаго.
Ова е многу интересен стил на музика кој ме претставува мене како уметник.
Многу сум горд на овој проект, кој се снимаше цела година.
Ќе може да се најде на сите платформи од денес (01.11), а јас веќе имам закажано неколку големи настапи во наредниов период.
Албумот го пуштам денес, а утре, 02.11, ќе славам 40-ти роденден, па ќе направам истовремено промоција и огромна роденденска журка, на која ќе ги пеам моите поп песни, но и неколку божиќни песни“.
Слушнете ги празничните песни на Васил:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
фото: Стивен М. Коч