АмЧам собра 1.500.000 денари за општествено корисни проекти

Американската стопанска комора во Македонија - АмЧам, бизнис заедница на 130 од најголемите компании во земјава, организираше настан за собирање финансиски средства насловен како Социјална берза, каде што беа презентирани три социјално корисни проекти кои компаниите - членки на комората имаа можност да ги поддржат. Проектите таргетираа неколку целни групи: лица со попреченост кои ќе добијат обука и можност да работат во угостителскиот сектор; социјално загрозени лица од Преспа кои ќе научат како да одгледуваат органски производи и да се вклучат во социјално претприемништво, како и деца и млади кои ќе имаат можност да ја запознаат и засакаат природата преку извиднички активности.

macham-sobra-1-500-000-denari-za-opstestveno-korisni-proekti-01.jpg

Како дел од напорите да ја промовира корпоративната општествена одговорност и да им олесни на компаниите да инвестираат во заедниците во кои живеат и работат, АмЧам објави повик за социјално корисни идеи на кој се пријавија 39 граѓански организации. Волонтери од Комитетот за општествена одговорност на АмЧам, а воедно вработени во компаниите-членки, спроведоа темелна анализа на предложените проекти и проверка на организациите и ги избраа трите најдобри и најефикасни општествено корисни иницијативи. Проектите беа претставени пред компаниите кои имаа можност да одлучат и да се изјаснат кои проекти ќе ги поддржат.

Настанот успешно ја постигна целта обезбедувајќи 1.500.000 денари, како и производи и услуги потребни за реализација на овие општествено корисни проекти, а во исто време ја подигна свеста за општествената одговорност на компаниите и придонесе кон формирање на партнерства помеѓу приватниот и граѓанскиот сектор.

macham-sobra-1-500-000-denari-za-opstestveno-korisni-proekti-02.jpg

„Нашите членки покажаа дека се свесни, совесни и одговорни, и подготвени да инвестираат во создавање можности за сите. Привилегирани сме што сме комора во која членуваат компании кои се лидери во корпоративното донирање и кои добро ја разбираат својата улога во општеството. Се надевам ќе инспирираме повеќе вакви иницијативи кои ќе овозможат приватниот сектор да инвестира во решавање општествени проблеми”, изјави Дијана Десподов, извршна директорка на Американската стопанска комора во Македонија.

macham-sobra-1-500-000-denari-za-opstestveno-korisni-proekti-03.jpg

„Позитивните деловни резултати не се доволни за една компанија да се нарече успешна. Вистински успешни компании се оние кои одат понатаму, кои поставуваат повисоки стандарди на одговорно работење, кои им помааат на оние на кои помошта им е најпотребна и придонесуваат за просперитетот на целата заедницата. Определбата на Пивара Скопје е да биде токму таква компанија, која гради силни и позитивни односи со заедницата и инвестира време и ресурси во поддршка на широк спектар на општествени области и иницијативи, како што е оваа на Американската стопанска комора, кон која со задоволство се приклучивме“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Дан Тимотин.

macham-sobra-1-500-000-denari-za-opstestveno-korisni-proekti-04.jpg

АмЧам е општествено одговорна комора која обединува компании кои ја практикуваат културата на корпоративно давање. Во последните 10 години АмЧам, заедно со членките на комората, континуирано се залага за интегрирање на општествено одговорните практики во секојдневните деловни операции на компаниите и за инвестирање во заедницата.

macham-sobra-1-500-000-denari-za-opstestveno-korisni-proekti-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Скопјани помогнаа семејство да го најде изгубениот папагал и уште 5 вести што нè израдуваа оваа неде... Македонки најавија акција во која ќе сплетат 250 капи, шалови, ракавици, елечиња...
„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...
„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
Најтажната приказна од Скопје ЗОО: Жирафата Флопи и нејзиниот негувател Ристе починаа во ист ден Веста за угинувањето на жирафата Флопи остави чувство на празнина и тага кај сит...
Денес е Вера, Надеж и Љубов – Што треба да направат сите што имаат ќерки? Ако имате ќерка денес треба да ѝ покажете колку ја сакате. Се слави празникот „В...
Денеска е Воведение во храмот на Пресвета Богородица Пречиста – Што треба да направат жените што не ... Денес се слави денот познат како Воведение во храмот на Пресвета Богородица, поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg