ЗЕГИН И HEALTHY FOOD by ZEGIN повторно најомилени брендови на студентите!
- Детали
- среда, 17 април 2019
Фармацевтскиот бисер на Македонија, нашата семејна аптека Зегин по четврти пат е прв избор на студентите и PREMIUM STUBRAND за 2019 година! Во петтото по ред истражување кое го спроведе реномираната агенција STUBRAND со кое се мери имиџот на брендовите, брендот Зегин ужива највисок позитивен имиџ и воедно е единствен PREMIUM бренд од фармацевсткиот сектор во Македонија во споредба со сите останати аптеки во земјава.
Исто така, искористувајки ги новите трендови во поглед на се поголемата гижа за здравата храна студентите се едногласни: го обожаваат и најмногу му веруваат на синџирот продавници за органска и здрава храна Healthy Food by Zegin. Ова е дури трето вакво престижно признание од страна на македонските студенти за Healthy Food by Zegin.
Во овогодинешното истражување учествуваа 1115 студенти од државните и приватните универзитети и факултети во Македонија кои се изјаснија по однос на нивната перцепција за имиџот на вкупно 455 брендови поделени во вкупно 19 категории производи и услуги.
STUBRAND е официјален бренд посветен на промоција на најпопуларните брендови меѓу студентската популација и врши избор во 19 земји во светот. По повод 5 годишниот љубилеј, од STUBRAND го најавуваат најспектакуларниот меѓународен свечен настан организиран за студентите, како и многу различни активности и награди за студентите од Македонија, Косово, Албанија, Бугарија и Црна Гора во текот на годината.