5+ Нов станбен кредит од Охридска банка Сосиете Женерал
- Детали
- среда, 17 април 2019
Станбен кредит со одлични услови, без административни трошоци и без нотарски трошоци
Охридска банка Сосиете Женерал во своето кредитно портфолио воведува нов станбен кредит со 5 години фиксна каматна стапка. Па така, сите клиенти кои ќе аплицираат за 5+ станбениот кредит добиваат одлични услови достапни во целиот период од отплатата на кредитот.
Овој станбен кредит им овозможува на клиентите гарантирана каматна стапка, и тоа, во првата година во висина од 3.10%, во втората и третата година од отплатата каматната стапка е исто така фиксна и е во висина од 3,30%, во четвртата и петата година од отплатата на кредитот каматната стапка останува фиксна и непроменлива и изнесува 4.55%. По навршувањето на петата година, каматната стапка е варијабилна и пресметана врз основа на шестмесечна стапка на Еурибор (Euribor).
Па така, за станбен кредит од 30.000 евра, со рок на отплата од 240 месеци, износот на фиксната месечна рата во првата година ќе изнесува 174 евра, ратата во втората и третата година ќе изнесува 178 евра, во четвртата и петата година од одплатата на кредитот, ратата ќе биде повторно фиксна и ќе изнесува 195 евра, додека пак месечната рата по петата година ќе изнесува 210 евра.
Сите клиенти кои ќе аплицираат за 5+ Станбениот кредит, за време на промотивниот период кој трае до 30.04.2019 година, ќе бидат ослободени од административните трошоци и нотарските трошоци.
Со цел постојана грижа за клиентите како и обезбедување дополнителна вредност на сите банкарски производи, Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на клиентите кои ќе аплицираат за „5+ станбениот кредит“ да изберат помеѓу двата пакета за животно осигурување, и тоа: делумниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,44% годишно од износот на кредитот или за целосниот пакет за кредитно животно осигурување, со осигурителна премија од 0,85% годишно од износот на кредитот.
Повеќе информации за поволностите и понудите клиентите можат да најдат на новата веб-страница на Охридска банка Сосиете Женерал, www.ohridskabanka.mk, на социјалните мрежи и во експозитурите на Банката ширум земјата.
За Охридска банка Сосиете Женерал
Охридска банка Сосиете Женерал еуниверзална банкарска институција која припаѓа на една од најголемите финансиски групации во светот – групацијата Сосиете Женерал. Со повеќе од 146.000 вработени, со присуство во 66 земји, Групацијата Сосиете Женерал опслужува 31 милион клиенти низ целиот свет повеќе од 150 години. Охридска банка Сосиете Женерал функционира според високите стандарди на Сосиете Женерал, почитувајќи ги четирите главни вредности на Групацијата: тимски дух, иновација, посветеност и одговорност. Основната стратегија на Охридска банка Сосиете Женерал е постојаното унапредување на квалитетот на извршувањето на банкарските услуги и нејзината целосна посветеност да ги задоволи потребите на своите клиенти. Преку своето седиште во Скопје и широката мрежа од 27 експозитури на територијата на Македонија, Охридска банка Сосиете Женерал има за цел да биде поим за банкарски односи, препознатлива на пазарот, блиска до клиентите, избрана поради својот квалитет и посветеноста на нејзините тимови. Охридска банка Сосиете Женерал во 2016 година е носител на три награди во категоријата „Најдобра банка во Македонија“ од трите најважни банкарски авторитети - “Global Finance”, “Euromoney” и “The Banker” и носител на наградата „Најдобра банка во Македонија“ во 2017 година од “Global Finance“ и “Euromoney”. Во 2018 година, банката повторно ја доби наградата за Најдобра банка во Македонија, според познатиот магазин “Global Finance”. Во 2019 година, Банката повторно доби награда за Најдобра банка во Македонија од страна на публикацијата на Светска банка – “Global Finance”.