Миа Костова за патувањето на Санторини: „Во таверна со добар поглед нема да поминете со помалку од 200 евра“

„Немам фотографија од магаренцата на Санторини затоа што искрено ужасно ми е кога ги гледам како ги јаваат и тегнат. Ноќевање во овој период од годината чини околу 400 евра“, сподели Миа Костова за патувањето на Санторини.

mia-kostova-za-patuvanjeto-na-santorini-ako-sednete-vo-taverna-so-dobar-pogled-teshko-deka-kje-pominete-so-pomalku-od-200-evra-01.jpg

Миа Костова со својата пријателка Тијана Скулиќ септември го искористи за релаксација на Санторини.

Од сончање покрај базен до неверојатни зајдисонца и вкусна храна, двете си поминаа незаборавен одмор.

Миа на својот Инстаграм профил одговараше на прашања од следбениците на тема Санторини и откри кои работи ѝ се допаднале, односно не ѝ се допаднале на овој грчки остров.

Работите кои ги откри Миа на Инстаграм Стори:

„Летот од Солун до Санторини е околу 1 час.

На Санторини не отидовме за море и плажа. Има фино уредени плажи со паркинг блиску, но ниту водата, ниту песокот не се нешто посебно. Има вулкански црн песок.

Санторини е многу повеќе за шетање, отколку за летен одмор и плажа.

mia-kostova-za-patuvanjeto-na-santorini-ako-sednete-vo-taverna-so-dobar-pogled-teshko-deka-kje-pominete-so-pomalku-od-200-evra-12.jpg

Цените зависат од периодот на годината и може да си проверите на Booking. Ноќевање овој период е околу 400 евра од ноќ.

Цените на храна се поскапи од што сме навикнати во Грција и секако зависи што и каде јадете.

Од гиро и пица кои чинат 15-20 евра до ресторани каде за двајца може да потрошите 500 евра.

На Санторини ако седнете во таверна со добар поглед тешко дека ќе поминете со помалку од 200 евра.

Немам фотографија од магаренцата на Санторини затоа што искрено ужасно ми е кога ги гледам како ги јаваат и тегнат.

За превоз на островот користевме рент а кар и нè чинеше околу 45 евра на ден.

Инаку, мора да имате превоз, но не советувам мотоцикл, улиците се малку криви и непријатни, па автомобил е посигурна варијанта“.

mia-kostova-za-patuvanjeto-na-santorini-ako-sednete-vo-taverna-so-dobar-pogled-teshko-deka-kje-pominete-so-pomalku-od-200-evra-05_copy.jpg

mia-kostova-za-patuvanjeto-na-santorini-ako-sednete-vo-taverna-so-dobar-pogled-teshko-deka-kje-pominete-so-pomalku-od-200-evra-06.jpg

mia-kostova-za-patuvanjeto-na-santorini-ako-sednete-vo-taverna-so-dobar-pogled-teshko-deka-kje-pominete-so-pomalku-od-200-evra-04.jpg

mia-kostova-za-patuvanjeto-na-santorini-ako-sednete-vo-taverna-so-dobar-pogled-teshko-deka-kje-pominete-so-pomalku-od-200-evra-03.jpg

mia-kostova-za-patuvanjeto-na-santorini-ako-sednete-vo-taverna-so-dobar-pogled-teshko-deka-kje-pominete-so-pomalku-od-200-evra-02_copy.jpg

На следната страница Санторини преку фотките на Миа и Тијана...



Би можело да ве интересира:

Миа Костова ужива на зајдисонце на Санторини, Катарина Ивановска спортува со дечкото: Што прават мак... Сузана Турунџиева (55) - фит во бикини, Миа Костова минува незаборавни мигови со...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова со моќна порака до сите мајки: „Материјалното не го воспитува детето – му требате вие!“ „Нека не ве фрустрира ако немате сè она што го гледате на Инстаграм или на ТикТо...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Миа Костова на плажа со -17kg: „Веќе не го кријам стомакот, а стриите се на Андрија“ „Излегов од зона на криење стомак, а стриите се на Андрија и ги обожавам“ – Миа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg