„Страшно високи трошоци посебно кирија/хипотека, а ниски плати (не во тој размер како во Македонија јасно). Прекрасни плажи за шетање и гледање и природа, но за бањање не можат вода на Халкидики да му носат. Топол океанот, но како да се бањаш во Преспа. Образованието небаре градинка. Домашна никако, книги нема. Здравството одлично доколку се работи за повреда или нешто тешко како рак, сè друго на приватно. Така гинеколог не видов нит другаркиве кои раѓаа. Дерматолог на државно нема, а земја со најголема стапка на рак на кожа. Психијатар државно само ако јадеш живи луѓе по улица инаку како мене ни упат не прифаќаат...“, гласи дел од искрениот Фејсбук статус на Марија Баришин Лус од Скопје, универзитетски предавач на тема одлуката да се врати во Македонија.