Aктерот Жарко Димоски со сопругата на романтично патување во Венеција (фото)
- Детали
- вторник, 02 август 2022
По медениот месец на Малдиви, вљубените Жарко Димоски и Андреа уживаат во ново романтично патување со возење на гондола, италијански сладолед и истражување на уличките на Венеција.
Актерот и водител Жарко Димоски обожава романтични патувања со својата сопруга Андреа, па по медениот месец на Малдиви и посетата на нивниот омилен Ровињ во Хрватска, парот ја посети Венеција.
Во најромантичниот град во Италија тие уживаа во возење со гондола, а Андреа се разладуваше со лепеза на високите температури.
Парот прошета и по мостовите, се насладуваше со вкусен италијански сладолед и ги истражуваше живописните улички во Венеција.
Романтични фотографии од нивната посета на Венеција:
С. С. | Црнобело