Бајковити фотки од 3-иот роденден на ќеркичката на најпознатата Македонка во Австралија
- Детали
- понеделник, 25 јули 2022
„Среќен роденден Чарли, ти си навистина единствена“, напиша Снежана Маркоски, односно Снежана Вуд во описот на прекрасните роденденски фотографии.
Снежана Маркоски, односно Снежана Вуд е Македонка која живее во Австралија, а се прослави со учеството во шоуто The Bachelor.
Таа неодамна се породи со својата четврта ќерка, а на Инстаграм го сподели страшното искуство со компликациите што настанале при породувањето.
Сепак, тешкиот период е зад неа и сега таа уживаше во прославата на 3-иот роденден на нејзината ќерка Чарли, додека нејзината најстара ќерка, која ѝ е од првиот брак, во раце ја држеше новородената Харпер, која сега е во стабилна состојба.
На роденденот на Чарли целото семејство блеска со насмевка, има многу балони и голема тематска торта.
По роденденот, сопругот на Снежана сподели фотографии на кои малата славеничка го вози велосипедот, коj тие ѝ го подариле за роденден.
Бајковитиот роденден на ќерката на Снежана Вуд:
Повеќе нови фотографии од прекрасното семејство:
С. С. | Црнобело