Каролина распеана за 70-тиот роденден на мајка ѝ, Ноне ужива на Занзибар - Што правеа македонските ѕвезди на Инстаграм деновиве?
- Детали
- вторник, 02 јануари 2024
Еден од најдобрите македонски фудбалери, Елиф Елмас, откри дека си заминува од Napoli и дека потпишал договор за RB Leipzig од Германија, а дизајнерот Златко Јовановски се пофали дека Јелена Карлеуша носела негова креација за дочекот на 2024-та...
Во последната недела од 2023-та повеќето македонски ѕвезди објавуваа празнични фотографии. Едни имаа многу предновогодишни настапи, други одвоија повеќе време за одмор и семејството.
Каролина Гочева на Инстаграм Стори објави кратко видео од прославата на 70-тиот роденден на мајка ѝ во Битола. Со сестра ѝ Сандра и внуките Инес и Луција ѝ пееја Happy Birthday.
Тенисерот Калин Ивановски тренира во Дубаи, каде што се дружеше со Новак Ѓоковиќ, но откри и дека има време и да се прошета низ градот и да оди на сафари во пустина. Емра Куртишова го прослави 38-иот роденден со сопругот и ќерката Лена, а бебето го одведоа и кај Дедо Мраз.
Што правеа македонските ѕвезди на Инстаграм деновиве?
Ламбе Алабаковски по долго време објави фотка со сопругата Магдалена и синовите Димитриј и Михаил
Каролина Гочева со семејството во Битола
Ноне Неделковска ужива на Занзибар и во Кенија
Калин Ивановски во Дубаи
Златко Јовановски ја покажа креацијата што ја направил за Јелена Карлеуша за новогодишната прослава
Каратистката Моника Стефановска објави прва фотка со бебето
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





