Искрена исповед на Марија од Скопје: „Зошто се вративме од Нов Зеланд во Македонија?“
- Детали
- среда, 03 август 2022
„Страшно високи трошоци, посебно кирија/хипотека, а ниски плати (не во тој размер како во Македонија јасно). Прекрасни плажи за шетање и гледање и природа, но за бањање не можат вода на Халкидики да му носат. Топол океанот, но како да се бањаш во Преспа. Образованието небаре градинка. Домашна никако, книги нема. Здравството одлично доколку се работи за повреда или нешто тешко како рак, сè друго на приватно. Така гинеколог не видов, нит другаркиве кои раѓаа. Дерматолог на државно нема, а земја со најголема стапка на рак на кожа. Психијатар државно само ако јадеш живи луѓе по улица инаку како мене ни упат не прифаќаат...“, гласи дел од искрениот Фејсбук статус на Марија Баришин Лус, универзитетски предавач од Скопје, на тема одлуката да се врати во Македонија.
Марија Баришин Лус од Скопје, универзитетски предавач со докторат на тема Организациско однесување, сопруга на Сајмон и мајка на Мартин (12), по 4 години живот во Нов Зеланд се пресели назад во Македонија.
За нејзината одлука таа објави детален Фејсбук статус.
Нејзината објава на тема „Зошто се вративме од Нов Зеланд? Убава и средена земја со драги луѓе!“ гласи:
„Две мои блиски другарки ги изгубија мајките во Македонија и не можеа да ги испратат. Зошто? Далеку, скапо, немање време од работа и за време на ковид - затворени граници.
Мајка ми има 84 години, не да се али 84. Не верувам дека ќе го преживеев тоа затоа што покрај огромната љубов јас до ден денес сум емоционално ко-зависна од нејзиниот совет и одобрување. Татко ми е младич и бољи/попокретен искрено не знам од него али 78 години.
Златен народ, помош од државата добивавме до 15.000 долари годишно затоа што моите примања не беа стабилни и редовни, но како доаѓаа така одеа на сметки. Страшно високи трошоци посебно кирија/хипотека, а ниски плати (не во тој размер како во Македонија јасно). Но, сè повеќе фамилии без дом поради недостиг на живеалишта. Храната за 30% поскапа од Австралија, а платите 30% пониски. Гладни деца колку сакаш!
Највисока точка на тинејџерски самоубиства во земјите на ОЕЦД, а имам тинејџер кој две години ми кука дома да си дојде (не играат деца на улица) и кој дали вистински или манипулативно имаше такви изјави.
Прекрасни плажи за шетање и гледање и природа, но за бањање не можат вода на Халкидики да му носат. Топол океанот, но како да се бањаш во Преспа.
Земја со нула корупција исто како Данска ама јас некако успеав да предавам на државен факултет каде Скопје 2014 финта направиле и нормално работниците испаштале, а 100 од нив, технолошки вишок станале.
Гратчето мое омилено - банкрот, бившиот градоначалник собрал 300.000 долари од буџетот врз основа на физибилити студии за проекти кои никогаш не се почнале, а по 20.000 долари по студија по своите другари. Одговорност никаква!
Корпоративно малтретирање и мобинг епидемија! Матичната која е генијална жена ми вика - минимум 80% од моите возрасни пациенти бар еднаш побарале боловање поради стрес на работа.
Криминалот никогаш поголем поради тоа што бандите од јужен Аукланд се во војна па секоја вечер пукање некаде. Среќа не толку жртви пошо дечкиве се од South Auckland а не Southside Chicago! Редовно погрешни куќи решетаат затоа што информациите им се неажурирани.
Синдромот на tall poppy: ако некој дигне глава и е поуспешен главата се сече и се слават медиокритети.