Ана Стојанова, една од најатрактивните Македонки, фит на одмор во танга бикини (фото)
- Детали
- вторник, 26 јули 2022
По напорните подготовки околу свадбата, поради кои заврши и на инфузија, една од најфит Македонките ужива на одмор во минималистички бикини, пред наредните проекти.
Ана Стојанова, онлајн фитнес тренер и една од најфит Македонките, периодов ужива на одмор, по напорните подготовки околу свадбата која се случи во вила во Охрид.
Ана, откако ја круниса љубовта со саканиот Кирил, се одлучи за релаксација во совршена летна атмосфера покрај базен, а во описот на фотографиите оттаму напиша:
„Полнење батерии за новите проекти што следат наскоро…“
Од црни танга бикини до бикини со животински принт, таа годинава бира минималистички модели кои ја истакнуваат нејзината фит линија.
Наскоро Ана започнува со нови проекти за нејзината армија од жени на кои им сервира програми со режим на исхрана и вежби.
С. С. | Црнобело