Ана Стојанова е уникатна невеста во венчаница со висок шлиц, па во мини разголен фустан – свадба во вила во Охрид со поглед на езеро (фото)
- Детали
- недела, 03 јули 2022
На денот на венчавката, Ана Стојанова објави фотка како прима инфузија, а неколку часа подоцна, заблеска во уникатна венчаница со висок шлиц која го истакнува нејзиното фит тело и ја круниса љубовта со својот избраник Кирил во вила во Охрид.
Во ноември 2021 година, онлајн фитнес тренерот и една од најфит Македонките, Ана Стојанова имаше запросување како сцена од филм на кровот на ГТЦ, Скопје.
Венчавката се одржа на 2 јули 2022, во вила во Охрид со базен и поглед кон Охридското Езеро.
Со своите фанови Ана сподели дека свадбениот ден го започна со инфузија и напиша: „Сè е ок. Не е лесно да си невеста“.
Неколку часа подоцна, невестата заблеска покрај елегантниот младоженец Кирил, со кој одиграа прв танц под магичното зајдисонце во Охрид.
фото: Инстаграм
Ана беше облечена во гламурозна венчаница со висок шлиц, што го истакнува нејзиното фит тело, а косата ѝ беше собрана во ниско опавче.
фото: Инстаграм
Македонското трио Trinity Strings биле задолжени за музичкиот дел на почетокот од прославата, а на забавата присутни биле и Роберт и Панки од Куку Леле, според Инстаграм објавите на гостите.
View this post on Instagram
Во текот на ноќта, долгата венчаница Ана ја замени со мини разголен фустан и патики, па ги покажа танцувачките способности.
М. М. | Црнобело