Светскиот диџеј Тими Трампет на настап во Охрид го вееше македонското знаме и ги пушти „Јовано Јованке“ и други наши песни (видео)
- Детали
- среда, 03 август 2022
Го развеа македонското знаме, а публиката ја крена на нозе откако ги пушти „Слушам кај шумат шумите“ и „Јовано, Јованке“ за време на својот настап – австралискиот диџеј Тими Трампет во свој стил ја вжешти атмосферата во публика пред националниот празник Илинден, за време на фестивалот Ohrid Calling.
Во периодот од 28-ми јули до 1-ви август годинава во Охрид традиционално се одржа фестивалот Ohrid Calling, а годинава главна ѕвезда беше светски познатиот диџеј Тими Трампет.
Пред 11-илјадната публика, во пресрет на големиот македонски празник Илинден, австралискиот диџеј Тимоти Џуд познат како Тими Трампет одлучи да го развее македонското знаме и во својот сет да вклучи македонски традиционални песни.
На социјалните мрежи може да се забележат видеа како публиката реагира откако Австралиецот одлучи во своите сетови да ги пушти препознатливите македонски песни: „Слушам кај шумат шумите“ и „Јовано Јованке“.
Инаку, Тими Трампет е диџеј, продуцент и текстописец, што во 2020-тата година успеа да се искачи на 9-то место во листата на топ 100 светски диџеи.
Препознатлив е по звукот на трубата, но и по незаборавните забави што ги приредува на своите гостувања.
Македонците долго ќе го помнат неговото гостување во Охрид:
Перформанс на Ohrid calling кој душа полни ❤️
Ќе беше поубаво да е Кутлеш, ама странец е и не знае така да не смееме да му замериме :)
Да живее Македонија! pic.twitter.com/OwQWnOcEcF
Timmy Trumpet- моментално најбаран диџеј , на 9-то место на топ 100 DJMag листата на најдобрите диџеи во светот , првпат...
Posted by Tina Mickovska on Tuesday, August 2, 2022
Б. С. Б. | Црнобело