Некогашната водителка Симона Николовска стана мајка – го доби синот Доротеј Златко
- Детали
- петок, 29 јули 2022
Симона Николовска, која е едно од нашите најубави ТВ лица, а сега работи ако ПР & Маркетинг Менаџер, се реализираше во улогата на мајка со својот сакан Бобан. Парот раѓањето на синот го одбележа со спектакуларна забава. Кое е значењето на името на нивниот наследник?
Симона Николовска, нашата некогашна водителка и едно од најубавите ТВ лица, на 17-ти јули се реализираше во улогата на мајка.
Со својот партнер Бобан Богески го добија синот Доротеј Златко.
Симона водеше низа успешни ТВ проекти како: Ексклузив, Џандар Збира, Танц со ѕвездите – прва сезона , а моментално е дел од тимот на компанијата Аутомотив груп – генерален импортер на брендовите Renault, Nissan и Dacia во нашата држава како ПР & Маркетинг Менаџер.
Нејзиниот партнер Бобан Богески се занимава со приватен бизнис, семејна компанија за производство на 100% органски есенцијални масла.
Значењето на името на нивниот наследник Доротеј Златко за нив е навистина посебно. Велат дека во христијанската религија значењето на името Доротеј е „дар Божји“, a името Златко е во чест на неговиот дедо - Златен дар од Бога.
По повод раѓањето на синот, парот организираше голема прослава каде нивните заеднички роднини и пријатели наздравија во негово име во Ragusa360/Rooftop со музиката на ДЈ Базел и ДЈ Маци Стојановиќ.
Атмосферата на забавата по повод раѓањето на синот на Симона и Бобан:
Потсетете се и Ретро-катче: Македонски ТВ-емисии кои со задоволство би ги гледале повторно
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело / фото: приватна архива