Не е Шпанија, Демир Капија е: Мајка и ќерка позираат среде недогледни полиња сончогледи (фото)
- Детали
- понеделник, 01 август 2022
Прекрасните Валерија и Амалија ни ја доловуваат убавината на недогледните полиња сончогледи во демиркаписко... На оваа Русинка, Македонија ѝ е дом од 2021 година, а за веќе својата Демир Капија, го дава срцето.
Валерија Кленова од Воронеж, Русија, маркетинг-менаџер по професија, живее во Македонија од 2012 година. Демир Капија е сега нејзин дом и таа го обожава ова гратче.
Таа е мајка на две деца и тоа синот Лев (10) и ќерката Амалија (6) и вели дека тие одлично ги владеат и рускиот и македонскиот јазик.
Валерија е вљубеник во качувањето по карпи и постојано можете да ја видите на спортски-качувачкиот локалитет Демир Капија.
Најомилена работа од овој крај на Македонија ѝ е природата, а покрај карпите, ги обожава и недогледните полиња со цвеќе.
Па, така секоја година традиционално, во соработка со нејзин пријател – локалниот фотограф Петре Пашоев, таа позира среде полињата лаванди, булки, а сега сончогледи.
Ова лето таа позираше среде полињата сончогледи со својата ќерка Амалија и фотографиите се совршени.
Македонија дефинитивно има спектакуларна природа, а фотографиите од прекрасните мајка и ќерка се доказ за тоа:
Прочитајте и Валерија, Русинка која 10 години живее во Демир Капија: „Бев шокирана кога првпат стигнав тука, виното и ајварот ми се омилени“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело