Македонска блогерка: „За 3-иот роденден на ќерка ми направив торта само со шарени трошки, беше воодушевена од декорацијата“
- Детали
- среда, 27 јули 2022
„Понекогаш декорациите одземаат премногу време, па за 3-иот роденден на ќерка ми направив едноставна и брза верзија на разнобојна торта со шарени чоколадни трошки“ – вели македонската блогерка Катерина Здравеска.
Тортата е неизоставен дел од секоја роденденска забава, а една македонска блогерка покажа дека понекогаш и едноставната декорација може да изгледа прекрасно, особено кога ќе предизвика насмевка на лицето на најмалите кои го слават роденденот.
Македонската блогерка Катерина Здравеска е магистер по деловна администрација и директор на компанија за производство на водоводна опрема, а истовремено е и мајка на три деца.
Во слободно време таа редовно објавува видеа со вкусни рецепти на нејзиниот Инстаграм профил lilys.daughter.kitchen, а исто така има и своја веб страна каде редовно споделува рецепти за голем број кулинарски ремек дела.
„Готвењето ми стана пасија последните две години и континуирано учам нови рецепти, како и нови кулинарски вештини.
Сакам убаво декорирани трпези и се трудам со помош на моите деца, трпезите да ни се секогаш разбнолики и интересни“ – вели во изјава за CRNOBELO.com Катерина.
За третиот роденден на нејзината ќерка Ариана, Катерина се одлучи за поедноставна декорација на торта, а фотографиите ги објави на Инстаграм.
„Кога правам роденденски торти за саканите, секогаш сум среќна. Но, понекогаш, самите декорации одземаат премногу време.
За 3-иот роденден на Ариана направив едноставна и брза верзија на разнобојна торта со шарени чоколадни трошки.
Секако, ќерка ми беше воодушевена од декорацијата и од слаткиот еднорог“ – напиша таа до фотографијата од тортата.
Во продолжение погледнете уште неколку декорации и рецепти од блогот на Катерина:
Б. С. Б. | Црнобело