До мене седеше цело семејство, мајка, татко, синче и ќерка, од најстаро до најмладо пееја во еден глас. На моменти не можеа да се воздржат, па стануваа и танцуваа. Буквално музика за сите генерации. Луѓе на сите страни снимаа, сакаа да го овековечат мигот, но тоа што таму се случуваше, таа неверојатна бура од енергија не може да биде доловена на ниту едно видео и на ниту една фотографија... Ви благодарам ДНК од срце што нè потсетивте како се сака македонската музика.“