Браво! По Негорци, и училиште во Охрид испиша скали со чести литературни грешки и народни поговорки
- Детали
- вторник, 06 декември 2022
Сега учениците нема шанси да не запомнат дека свидителство, тромесечие и фрекфенција не се точни зборови, а и добро ќе ги запомнат и народните поговорки како „Без мака нема наука“. Сакаме креативни и посветени наставници, секоја чест за потегот!
Лекторката Марија Лозаноска која стои зад Инстаграм профилот „Лекторката“ сподели фотографии од средното училиште „Св. Наум Охридски“ од Охрид и го пофали потегот на наставниците кои на скалите да ги испишале најчестите литературни грешки кои ги прават учениците, а до нив и правилната форма.
На други скали пак испишаа народни поговорки и мудрости.
Ако секој ден го гледате ова, нема шанси да не запомните, зарем не?
Браво за креативниот потег! Ваков тип на скали пред извесен период видовме и во училиште во гевгелиското село Негорци.
Марија за овој потег напиша:
„Еден огромен аплауз за учениците и нивните професорки по македонски јазик од средното училиште ,,Св. Наум Охридски" од Охрид!
Овие проекти се толку лесни за правење и практични за секојдневно потсетување, но се од огромна важност за македонскиот јазик.
Младината е таа која ќе ни го продолжи јазикот, па ајде да ја научиме како се прави тоа.
Благодарам за испратените фотографии.“
https://www.instagram.com/p/Cly1fDJsvUy/
С. С. | Црнобело