„Студирав во Фиренца, а љубовта ме однесе во Гевгелија“ – Креативната наставничка од Негорци, која стана хит со декорацијата на училиштето

Ја видовте ли фотографијата со скалите од училиштето во Негорци каде на креативен начин учениците ќе го учат правописот? Анамарија Митриќеска Кал’чева е креативната наставничка која стои зад проектот за декорација на училиштето во Негорци, а во ексклузивно интервју за CRNOBELO.com открива како по завршената магистратура одлучила да се врати и своето стекнато знаење да го пренесе во Македонија.

anamarija-studirala-vo-stranstvo-a-denes-raboti-i-kreativno-go-dekorira-uchilishteto-vo-gevgelisko-vakvo-detstvo-nema-vo-stranstvo-01.jpg

Анамарија Митриќеска - Кал'чева (37) пораснала во Скопје, студирала во Фиренца и Солун, а со нејзиниот сопруг кој пак живеел и работел во Сиднеј, одлучиле да се преселат во Гевгелија каде таа денес работи како наставник и успеа да реализира проект за едукативно декорирање на училиштето во гевгелиското село Негорци, кое стана вистински хит на социјалните мрежи.

anamarija-studirala-vo-stranstvo-a-denes-raboti-i-kreativno-go-dekorira-uchilishteto-vo-gevgelisko-vakvo-detstvo-nema-vo-stranstvo-07.jpg

Анамарија по струка е дипломиран костимограф и магистер по ликовни уметности, а деновите ги минува така што своето знаење за уметноста им го пренесува на учениците во училиштето ООУ„ Ристо Шуклев“ – Негорци.

anamarija-studirala-vo-stranstvo-a-denes-raboti-i-kreativno-go-dekorira-uchilishteto-vo-gevgelisko-vakvo-detstvo-nema-vo-stranstvo-02.jpeg

Во интервју за CRNOBELO.com Анамарија открива, зошто иако имале можност да заминат во странство со сопругот одлучиле да останат со децата во Македонија, но и детали за креативниот проект во училиштето.

Како со помош на проектот за Едукативна декорација на училиштето изминатата учебна година успеале да ја направат поинтересна и позабавна како за учениците, така и за наставниците.

anamarija-studirala-vo-stranstvo-a-denes-raboti-i-kreativno-go-dekorira-uchilishteto-vo-gevgelisko-vakvo-detstvo-nema-vo-stranstvo-28.jpeg

Запознајте нѐ накратко со проектот „Едукативна декорација на училиштето ООУ„ Ристо Шуклев“ во Негорци. Како дојдовте до идејата?

Јас сум слободоумна како човек и сакам нови и интересни работи. Ми дојде идеа и си помислив зошто преку интересна и забавна работа да не го разубавиме училиштето со едукативни содржини, кои ќе останат долго, а и децата ќе ги гледаат секојдневно, па ќе им бидат врежани во нивната меморија.

Маж ми преку фотографии и монтажа ми помогна да го направиме цел проект точно како би изгледал во реалниот простор, па така и го презентирав на директорката Жаклина Линкова, која веднаш со воодушевување прифати. Со Проектот аплициравме и на повикот на општина Гевгелија за доделување средства за проекти од култура и Советот на општината го одобри.

anamarija-studirala-vo-stranstvo-a-denes-raboti-i-kreativno-go-dekorira-uchilishteto-vo-gevgelisko-vakvo-detstvo-nema-vo-stranstvo-11.jpg„Едукативна декорација на училиштето ООУ„ Ристо Шуклев“ во Негорци

Чиј беше дизајнот на декорациите од проектот? Дали сѐ сработивте сами или имавте помош и од колегите и учениците?

Бидејќи ова е проект со едукативна содржина, повеќето се универзални работи. Дизајнот општо и местоположбата ги осмислив јас, но доста од работите се општи и вметнати во просторот.

Секако работевме со учениците, за нив беше наменет проектот, да им го направам интересен часот и да искусат нешто ново. Работеа децата од 8-мо, некои од 9-то и едно дете од 7-мо одделение. Сликавме по ѕидови, по скали, на бетонот, во училишниот двор.. Сите задоволни и радосни поминавме една фантастична учебна година во разубавување на просторот, и секако нема да заврши овде, ќе продолжиме и понатака наредната година.

Не само со децата, и сите на некој начин се вклучија во проектот. Со наставниците направивме хамер, каде секој напиша мисла во однос на образованието по која се води.

Убава, навистина убава атмосфера и година.

anamarija-studirala-vo-stranstvo-a-denes-raboti-i-kreativno-go-dekorira-uchilishteto-vo-gevgelisko-vakvo-detstvo-nema-vo-stranstvo-25.jpg„Едукативна декорација на училиштето ООУ„ Ристо Шуклев“ во Негорци

Сте имале можност да се образувате во Солун и Фиренца, какви искуства имате оттаму?

Средното образование го завршив во ДСУПУ „Лазар Личеноски“ во Скопје. Можам да кажам дека знаењето што го добив таму многу ми помогна во понатамошниот развој, според мене ова стручно училиште за ликовни уметности и дизајн, е едно од најдобрите во Европа, па и пошироко, нема ученик што излегува од таму, што не е помеѓу првите каде и да се запише понатаму, секако зборувам во однос на уметност.

Најпрво се запишав во Солун, но тој беше приватен факултет за мода и некако не ме привлече многу, бидејќи сакав костимографија, па се решив да побарам државни факултети и најдов во Фиренца.

Ретки се државните факултети за костимографија, но ја имав таа среќа баш тогаш да биде отворен тој смер. А уште поголема среќа имав за магистерските студии што токму тогаш се отвори отсек за Костимографија и Висока мода со врвни професори. На Академијата за Ликовни Уметности во Фиренца, само две генерации имавме можност да го учиме ова. Отсек кој многу ретко се наоѓа и во приватните а за во државните академии скоро и да не е присутен.

anamarija-studirala-vo-stranstvo-a-denes-raboti-i-kreativno-go-dekorira-uchilishteto-vo-gevgelisko-vakvo-detstvo-nema-vo-stranstvo-04.jpegАнамарија на магистерската во Фиренца

Каде повеќе ви се допадна животот, но и образовниот систем? Какви разлики доживеавте?

Животот во Фиренца мислам дека е сон на секој еден уметник. Тоа е град преполн со уметнички дух, град каде што целата уметност и култура општо на живеењето за која сме сонувале е јаве. Не е премногу за млади и забава, но секако и тоа се наоѓа, за тоа има многу места наоколу, но во Фиренца акцентот е вистина насочен кон уметноста и културата.

Во однос на високото образование, не би можела да направам конкретна споредба, бидејќи во Скопје ја дозавршив само педагошката доквалификација, така што немам премногу искуство како кај нас се одвива цел тој систем на високо образование.

Можам да кажам дека во странство акцентот се става на критичко размислување и учење од повеќе извори за да се дојде до конечен одговор со разбирање.

Таму никогаш не се испрашува по учебник, ниту се придржуваат конкретно кон некои правила, постои целосна слобода во изразувањето.

Многу ми се допаѓа тоа што во странство се поттикнува најмногу она кон што индивидуално секој студент е наклонет.

Пример мене не ми одеше моделирање и техничко цртање, но имав креативна фантазија и ме насочуваа кон тоа, да извадам што можам повеќе преку цртеж и боја.

Се надевам и би сакала и кај нас така да функционира образиванието, не конкретно за уметност, туку во секоја област, критичкото размислување и сфаќање е најважниот дел во разбирањето на секој предмет.

anamarija-studirala-vo-stranstvo-a-denes-raboti-i-kreativno-go-dekorira-uchilishteto-vo-gevgelisko-vakvo-detstvo-nema-vo-stranstvo-05.jpegАнамарија на магистерската во Фиренца

Зошто одлучивте да се вратите во Македонија и тука да ја градите професионалната кариера? Тешка ли беше одлуката?

Не беше тешка, се заљубив.  

И сопругот е дипломиран фотограф и графички дизајнер во Сиднеј, Австралија, но, засега решивме да останеме во Македонија, барем додека детето не потпорасне малку, бидејќи вакво детство како тука во странство нема, дури ни во Скопје мислам дека го нема тоа повеќе.

И двајцата имаме потекло од Гевгелија, па се решивме да се преселиме овде, во мирно место. Моето дете тука живее детство какво што ние живеевме на времето, по цели денови е во маало и си игра со другарчињата. Тоа е најголемата среќа за нас и не би го менувале за ништо. За понатаму ќе видиме.. млади сме.

За жал тука тешко се гради професионална кариера, не се поттикнува интелектот, и вистинските вредности, некои други работи се поважни, но се снаоѓаме... Така што, да, системот кај нас е многу поразличен од странство, некако квалитетот се запоставува...

anamarija-studirala-vo-stranstvo-a-denes-raboti-i-kreativno-go-dekorira-uchilishteto-vo-gevgelisko-vakvo-detstvo-nema-vo-stranstvo-06.jpg„Едукативна декорација на училиштето ООУ„ Ристо Шуклев“ во Негорци

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Штипјанките Патриција и Андреа (21) за CRNOBELO: „Дечковците порано нè мешаа зашто сме идентични бли... „Би било криминал да имаш идентична близначка, а да не го „злоупотребиш“ тоа во ...
Даниела Петровска, професорка по македонски: „Учениците не читаат, предизвик е да ги натерам да одат... „Социјалните мрежи се место каде што повеќето луѓе, за жал, го извитоперуваат с...
„Децата од нашата градинка секој ден се надвор, пешачат, играат и на дожд и во кал“: Интервју со Јас... „Во нашата градинка, децата секојдневно поминуваат 3 до 5 часа надвор. Ние верув...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Маке... „Омилени ми се туристите од Азија. Љубопитни се и сакаат да ја дознаат нашата ис...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg