„Студирав во Фиренца, а љубовта ме однесе во Гевгелија“ – Креативната наставничка од Негорци, која стана хит со декорацијата на училиштето
Каков е животот и секојдневието во Негорци? Какво беше адаптирањето на живот во село од европски градови? Кои се предностите, а кои недостатоците?
Патувам од Гевгелија до училиштето во Негорци. Негорци е многу убаво и мирно место, секако и помирно од Гевгелија.
Лично ние и сакаме мир без гужва, дава повеќе простор за себе и креативноста која доаѓа од нас, без натрупување, без влијанија.
Некако го изживеавме бучниот дел, па сега сме повеќе насочени кон мирен живот. Но за понатаму ќе видиме, можеби ќе се промени повторно нешто.
Да имате можност, што би сакале да воведете во Македонија, а сте го виделе во другите земји?
Ох, ова би можел да биде долг одговор, но ќе се обидам да бидам кратка.
Нешто што најмногу сакам е да се воведе духовност во образованието, што веќе во странство доста се практикува. Не духовност како религии, туку преку техники и методи, конкретно образување на децата за создавање на емотивен баланс, справување со стресни ситуации итн...
Уметноста го дозволува тоа, бидејќи е познато дека таа има голема терапевтска моќ. Всушност во план ми е и да направам докторат на оваа тема, па можеби еден ден и ќе ми се исполни желбата.
Исто така мислам дека слободата на часовите е многу важна, секако не секој час го дозволува тоа, но предметот ликовно образование е одличен за малку слобода, враќање кон себе, сопствените чувства, и оттргнување од секојдневните стресови и предизвици.
„Едукативна декорација на училиштето ООУ„ Ристо Шуклев“ во Негорци
Со кои предизвици се соочувате како наставник? Тешко ли е да ги заинтересирате учениците за уметност и наука во ерата на информатичките технологии?
Не, воопшто не е тешко, напротив, сакаат.
Мислам дека и пристапот на наставникот многу влијае на тоа. Децата мислат дека за уметност треба да се има талент, и да, во ред е тоа, но тоа е за понатаму. Во основното образование има некои основни работи во однос на уметноста кои треба да се научат и како општа култура, но понатаму акцентот се обидувам да го ставам на нивните потреби и можности.
Како што е познато само 2% е талент а 98% е работа. Кога ќе го објаснам ова и ќе дадам примери, се поттикнуваат и сакаат да работат. Посебно кога има нешто ново и интересно за нив, пример како проектот, цртање на ѕид.
Кое дете не би го сакало тоа и не би било среќно да го прави. А и се обидувам да дадам колку што може повеќе слобода, за да си пронајдат децата кој дел во работата најмногу ги исполнува.
„Едукативна декорација на училиштето ООУ„ Ристо Шуклев“ во Негорци
Какви ви се плановите за иднина? Се гледате ли себеси и натаму како наставник во Македонија или можеби размислувате за некои промени?
Па ние живееме спонтан живот и некако не сум многу загрижена за иднината, што ќе дојде, ќе дојде, ќе видиме.
Моментално ми е многу убаво ова што го правам, а работата со деца навистина ме исполнува, посебно во ова училиште во Негорци, каде и колегиумот и директорката и техничкиот персонал се вистина луѓе со топли души и има простор за одлична комуникација и разбирање. Засега не би менувала ништо.
Единствено што ми недостасува се честите патувања и запознавање различни култури, посета на музеи, изложби, врвни рок и класични концерти... Но, се надевам ќе имам можност и тоа задоволство повторно да си го дозволам...
Погледнете повеќе фотографии од проектот „Едукативна декорација на училиштето ООУ„ Ристо Шуклев“ во Негорци:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело