„Почивај во мир, љубов“ - Танзаниски музичар објави дека неговата поранешна девојка, македонската инфлуенсерка Маја Миа, починала
- Детали
- недела, 04 декември 2022
Танзанискиот музичар Оми Димпоз денес (04.12) ја сподели тажната вест за смртта на нашата инфлуенсерка и мејкап артистка Маја Миа која долго време живее на релација Африка – Македонија, а Танзанија ѝ била дом цела деценија.
„Почивај во мир љубов“, напиша тој на фотографијата со поранешната партнерка.
Не се знае која е причината за смртта, но тој сподели низа заеднички фотографии и стави скршено срце на Инстаграм Стори.
Во африканските медиуми се пишува дека таа во минатото била во врска и со танзанискиот актер Идрис Султан, кој исто така ѝ посвети емотивна објава на Инстаграм.
Во последно време на Маја дом ѝ била Јужна Африка, иако според фотографиите на нејзиниот Инстаграм профил се гледа дека таа често ја посетуваше Македонија.
Фотографии од неа кои ги објави нејзиниот некогашен партнер Оми Димпоз:
Прочитајте повеќе за неа - Родена во Охрид, повеќе од милион следбеници: Нашата Маја е светски позната јутјуберка која заработува вртоглави суми (фото)
С. С. | Црнобело