Инспиративна објава и фотографија на Македонец: „За моите деца да имаат свои соби, јас спијам на под во дневна соба“

„За да ја исполнам желбата на моите дечиња, секое од нив да има своја соба, веќе со години спијам на земја во собата за дневен престој. Исто како што Самураите со векови спиеле на под. Навечер намести, наутро раскрени. И после, кога ќе слушнам некој се жали дека „не планирале второ дете“, бидејќи ќе морале со жената да спијат во дневна, ми доаѓа смешно…“, гласи дел од објавата на Игор Довезенски, учител за боречки вештини.

inspirativna-objava-na-makedonec-za-moite-deca-da-imaa-svoi-sobi-jas-spijam-na-pod-vo-dnevna-soba-01.jpg

Игор Довезенски, по професија етнолог вработен на Универзитетот „УКИМ“, е водач на единственото македонско доџо за Самурајски и Нинџа вештини во Македонија.

inspirativna-objava-na-makedonec-za-moite-deca-da-imaa-svoi-sobi-jas-spijam-na-pod-vo-dnevna-soba-04.jpg

Тој објави инспиративна објава на неговиот Фејсбук профил, каде открива дека спие во дневна соба за неговите деца да си имаат свои посебни детски соби.

Игор е самохран татко на 3 деца, а тие се на возраст од 17, 15 и 12 години.

inspirativna-objava-na-makedonec-za-moite-deca-da-imaa-svoi-sobi-jas-spijam-na-pod-vo-dnevna-soba-02.jpg

Неговата објава и фотографија каде спие, освестува и инспирира:

„За да ја исполнам желбата на моите дечиња, секое од нив да има своја соба, веќе со години спијам на земја во собата за дневен престој. Исто како што Самураите со векови спиеле на под. Навечер намести, наутро раскрени.

И после, кога ќе слушнам некој се жали дека „не планирале второ дете“, бидејќи ќе морале со жената да спијат во дневна, ми доаѓа смешно.

Абе штом родиш деца и создадеш нов живот, ти батка автоматски доаѓаш во втор план. Твојата среќа и твоето задоволство почнуваат таму каде што завршуваат нивните желби и потреби.

Не бадијала се рекло ‘Децата секогаш на прво место’.“

inspirativna-objava-na-makedonec-za-moite-deca-da-imaa-svoi-sobi-jas-spijam-na-pod-vo-dnevna-soba-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg