„За филмот Кајмак има те критики, те пофалби – кога ќе ме прашаат за мислење што им одговарам?

„За филмот „Кајмак“ има те пофалби, те критики, но зар не ви е посебно драго што за првпат по подолго време во нашето општество, токму уметничко дело (во случајов филм) е центар на дискусии, а не политиката или кој украл или уништил повеќе? Да си ја вратиме уметноста во нашето секојдневие!“, е дел од моќниот статус на нашиот пијанист Дино Имери.

mokjen-status-na-nashiot-pijanist-dino-imeri-centar-na-diskusii-a-ne-politikata-ili-koj-ukral-ili-unishtil-povekje-01.jpg

Дино Имери се смета за еден од најреномираните македонски пијанисти на новата генерација класични музичари.

mokjen-status-na-nashiot-pijanist-dino-imeri-centar-na-diskusii-a-ne-politikata-ili-koj-ukral-ili-unishtil-povekje-04.jpg

Неговиот статус на Фејсбук посветен на филмот „Кајмак“ има навистина моќна поента.

mokjen-status-na-nashiot-pijanist-dino-imeri-centar-na-diskusii-a-ne-politikata-ili-koj-ukral-ili-unishtil-povekje-06.jpg

Убаво е кога разговорите ни се насочени кон нешто друго, зарем не?

Објавата на Дино Имери:

„Ретко споделувам мислења на социјалните мрежи, но еве една кратка и ми се чини, убава опсервација што ми се случува деновиве откако почна да игра филмот „Кајмак“ на режисерот Милчо Манчевски.

На повеќе седенки, дружби со пријатели или колеги почнуваат да се разврзуваат теми поврзани со филмот. Спротивставени мислења - те критики, те пофалби.

mokjen-status-na-nashiot-pijanist-dino-imeri-centar-na-diskusii-a-ne-politikata-ili-koj-ukral-ili-unishtil-povekje-07.jpg

На крајот од дискусиите ме прашуваат мене за мислење после подолго молчење и им одговарам:

„Не мора и не е важно дали ќе се согласиме за едно дело дали е добро или не, но зар не ви е посебно драго што за првпат после подолго време во нашето општество, токму уметничко дело (во случајов филм) е центар на дискусии, а не политиката или кој украл или уништил повеќе?“

По ова најчесто следува тишина, блага насмевка и олеснување кај луѓето. Се радувам за ова, ѝ честитам на екипата на филмот, но и на сите уметници кои неуморно и искрено творат во овој интересен момент.

Да си ја вратиме уметноста во нашето секојдневие.“

Ретко споделувам мислења на социјалните мрежи, но еве една кратка и ми се чини, убава опсервација што ми се случува...

Posted by Dino Imeri on Monday, December 5, 2022

Прочитајте и „Бев на премиера на Кајмак во Македонска Филхармонија – настанот светски, а филмот доби стоечки овации“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Велешанецот Мартин ја запроси саканата на концертот на Дино Мерлин, прстенот го купил во Шпанија „Беше навистина романтично, имаше многу луѓе околу нас, а тој клекна на колена д...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Вирален статус на Македонка против сите што шират предрасуди: „Вработена, а бара помош – како не ѝ е... „Не смее да пие кафе, не смее да има другарки, од каде пари за кафе, уште малку ...
Вирален статус на скопскиот менаџер Цајо: „Пред 50 години бракот беше лесен, а разводот тежок - дене... „Пред 50 години само една личност работела за да го издржува целото семејство. С...
Вирален статус на Македонец: „Жена (39) од Србија сподели дека си го сака животот, иако нема деца - ... „Огромно мнозинство фрлаше камења и отров по кутрата жена, само затоа што истата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg