Игор Џамбазов со награда и емотивен говор на „Мажи на годината“: „Илина Арсова, љубов моја, те сакам“

„Јас сум единствениот 60-годишник во Македонија што јавно ја искажува љубовтa кон саканата, мислам дека со тоа ги освоив организаторите и ја добив наградата Маж на годината од организаторите“, изјави Игор Џамбазов и додаде: „Ќе ја злоупотребам говорницава во име на тоа: Илина Арсова, љубов моја, те сакам.“

igor-djambazov-so-nagrada-i-emotiven-govor-na-mazhi-na-godinata-ilina-arsova-ljubov-moja-te-sakam-01.jpg

Вчеравечер (30.11) се одржа 5-тото јубилејно издание на изборот на „Мажи на годината“ во хотелот Doubletree by Hilton Skopje, а наградата „Маж на годината избран од страна на организаторите“ ја доби Игор Џамбазов.

Тој на сцената имаше шеговито, но и емотивно обраќање и наброја со што сè ја заслужил оваа награда во текот на 2022 година.

igor-djambazov-so-nagrada-i-emotiven-govor-na-mazhi-na-godinata-ilina-arsova-ljubov-moja-te-sakam-03.JPEG

Игор Џамбазов при подигнување на статуетката изјави:

„Ми велат награда „Маж на годината“ и веднаш правам листа да видам дали сум ја заслужил.

Нова сезона на најгледаната хит серија „Преспав“, квизот „20 секунди“ на МТВ, еколошката серија „Агенда 21“ со Весна Петрушевска, ја завршив седмата книга, во моментот играм и режирам претстава, која ќе игра во февруари, истава година ја добив наградата која го носи името на мојот дедо Петре Прличко, потоа го завршив мојот најдолг музички албум се вика „30 години Игор Џамбазов и Гуру Харе“, го загубив мојот најдобар пријател Сашо Пижевски Пиже, го загубив мојот машки родител Александар Џамбазов, значи навистина има еден маж на година тука.

Но, исто така што мислам дека им се допадна на организаторите, бидејќи јас сум нели во таа категорија, е што јас сум единствениот 60-годишник во Македонија што јавно ја искажува својата љубов кон саканата.

Помладиве нешто се многу јаки во инбокс, а кога ќе застанат очи во очи не знаат да бекнат. Значи не се плашете да ги искажувате своите чувства, особено кон жените и ќе ја злоупотребам говорницава во име на тоа: „Илина Арсова, љубов моја, те сакам.“

igor-djambazov-so-nagrada-i-emotiven-govor-na-mazhi-na-godinata-ilina-arsova-ljubov-moja-te-sakam-04.JPEG

Потоа и Илина сподели фотографии од него на Инстаграм и напиша: „Љубов моја нека се множат, заслужени се, те сакам. Честито на мојот маж на годината.“

igor-djambazov-so-nagrada-i-emotiven-govor-na-mazhi-na-godinata-ilina-arsova-ljubov-moja-te-sakam-05.jpg

igor-djambazov-so-nagrada-i-emotiven-govor-na-mazhi-na-godinata-ilina-arsova-ljubov-moja-te-sakam-06.jpg

Прочитајте и Атмосферата и најгламурозните дами на настанот „Мажи на годината“ во Македонија за 2022 (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Игор Џамбазов слави 61-ви роденден: „Кога сум се родил, татко ми Џамбаз не се отрезнил 3 дена“ „На денешен ден, мајка ми Анче ме испорачала на овој свет. Светот не се потресол...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg