Атмосферата и најгламурозните дами на настанот „Мажи на годината“ во Македонија за 2022 (фото)
- Детали
- четврток, 01 декември 2022
Ирена Спировска носеше впечатлива креација со бисери, Миа Костова носеше црн макси фустан со длабоко деколте, а поим за елеганција беше моделот Ангелина Китановска... Симон Трпчески ја освои наградата Маж на годината, а ушите и душите ни ги милуваа Павле Камилоски и тенорот Влатко Груевски.
Вчеравечер (30.11) се одржа 5-тото јубилејно издание на изборот на „Мажи на годината“ во хотелот Doubletree by Hilton Skopje, во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин.
На сцената и годинава како домаќини се појавија актерот и водител Жарко Димоски и водителката Миа Костова.
Жарко и годинава нé помилува со моќна музичка изведба на сцената, а тоа го сторија и Павле Камилоски, кој беше еден од добитниците на статуетка и оперскиот пејач, тенорот Влатко Груевски, кој ја доведе атмосферата до степен на кулминација.
На паузите нè забавуваа балерините и балетаните од Националната опера и балет.
Имаше 13 добитници на награди во 13 категории, помеѓу кои и главната награда за „Маж на годината за 2022 година“ која ја доби најдобриот македонски пијанист на сите времиња Симон Трпчески, кој двапати ѝ се обрати на публиката и беше награден со громогласен аплауз. Првата награда му беше доделена за неговиот придонес во културата.
На сцената излезе и Игор Џамбазов, кој ги наведе сите негови актуелни проекти, но и не заборави емотивно да ѝ се обрати на саканата Илина, која периодов живее во САД.
И настанот немаше да биде на тоа ниво на оскаровски гламур, ако не беа дел од нашите славни дами кои се појавија во навистина елегантни изданија.
Гламурозна и впечатлива креација носеше водителката Ирена Спировска која излезе на сцената за да додели награда, потоа моделот Ангелина Китановска која имаше слична улога и подели неколку награди.
Се разбира, како и минатата година, и годинава Миа Костова ја видовме во сексапилно, но елегантно издание.
За долг кадифен фустан со шлиц се одлучи планинарката и партнерка на Павле Камилоски, Ирина Дишовска, а во сребрен впечатлив макси фустан ја видовме Андреа Јосифовска, сопругата на актерот Жарко Димоски.
Најгламурозните дами на настанот „Мажи на годината“:
Ангелина Китановска
Ирена Спировска
Миа Костова
Ирина Дишовска
Андреа Јосифова
Прочитајте и Игор Џамбазов со награда и емотивен говор на „Мажи на годината“: „Илина Арсова, љубов моја, те сакам“
С. С. | Црнобело / фото: Инстаграм