Елена Велевска, Вера Мештеровиќ - Македонски и регионални дами кои заблескаа по разводот
- Детали
- петок, 27 септември 2024
Откако се разведе од сопругот Александар и ја пронајде љубовта покрај Лука, многумина велат дека Тамара Тодевска „се препороди“ и дека никогаш не изгледала толку среќна. Кои други познати дами се разубавеа по разводот?
Разводите се секогаш тешки, без оглед на причината за разделбата и дали оние што се разведуваат ќе го завршат бракот „пријателски“ или не.
И нема врска дали станува збор за некоја ваша пријателка, сосетка, јавна личност (па дури и дали сте вие една од тие жени) - никогаш не е лесно.
Но, кога ќе помине некое време, а болката ќе се намали, некои жени изгледаат како да се препородиле.
Ќе ги видите и ќе сфатите дека се разубавени, понасмеани од претходно, дека се повторно среќни.