Познати дами од Македонија кои изгледаат совршено и во петтата деценија од животот
- Детали
- недела, 17 декември 2023
Кој би рекол дека овие дами имаат над 40 години? Ви претставуваме дел од познатите Македонки кои изгледаат одлично и во 5-тата деценија од животот.
Секоја од овие дами вели дека тајната на нивниот младешки изглед е континуираната нега.
Редовните тренинзи и грижата за исхраната се задолжителни.
Повеќето се остварени како мајки, а дефинитивно се истакнуваат во својата професија.
Жената може да блеска во секоја своја животна доба, а овие дами се совршен пример за тоа.
Дел од популарните жени од Македонија кои имаат над 40 години и изгледаат подобро од кога било:
Ирена Спировска
Една од најубавите и најатрактивни водителки, Ирена Спировска годинава наполни 49 години, но и во живо и на камера водителката изгледа барем 15 години помладо.
Светлана Црнокрак
Модната икона Светлана Црнокрак има 47 години, но без проблем го покажува своето затегнато тело, позирајќи во бикини и заводливи изданија.
Вера Мештеровиќ
Некогашната Мис Македонија, денес водителка, Вера Мештеровиќ годинава наполни 44 години и мора да се признае дека изгледа подобро од кога било.
А, дека се чувствува одлично во своја кожа доказ се и фотографиите на нејзините социјални мрежи
;