Фотки од првата проба на Лара, Јован и Ирина на Детската Евровизија 2022 во Ерменија
- Детали
- вторник, 06 декември 2022
Лара, Јован и Ирина ја имаа својата прва проба на сцената на Детска Евровизија. Погледнете како ќе изгледаат костимите на нашите претставници и каква ќе биде сцената.
Нашите претставници на детската Евровизија вчера (05.12.) присуствуваа на свеченото отворање на настанот во Јереван, Ерменија, а денес ја имаа својата прва проба на сцената.
Годинава наши претставници на детската Евровизија се Лара Трпческа, заедно со Јован и Ирина, а од фотографиите објавени од првата проба на сцената во Јереван можеме да видиме како ќе изгледат нивните костими и какво ќе биде уредувањето на сцената.
Македонија во изминатите две години, успеваше да се пласира меѓу првите 10 песни во натпреварувањето, а на 11-ти декември нашите претставници ќе настапат 10-ти по ред на сцената во главниот град на Ерменија.
Минатиот месец беше објавен официјалниот спот за песната „Животот пред мене“, а на YouTube се споделува и видео со фотографии од првата проба на Лара, Јован и Ирина.
Инаку Лара Трпческа е ќерка на нашиот пијанист Симон Трпчески, талентот на Ирина Давидовска пак, имаме можност да го слушнеме во каверот на „Еве Ме Пак“ од Александра Јанева, а Јован го освои второто место на hip-hop world cup во 2018-та година.
Погледнете го видеото со фотографиите од првата проба во продолжение:
https://www.youtube.com/watch?v=jFKskTmMAvs
Погледнете повеќе фотографии од нашите претставници на Детска Евровизија:
Б. С. Б. | Црнобело