Почина проф. д-р Јовица Угриновски на 77-годишна возраст

„Утрово на 77-годишна возраст по тешко боледување почина нашиот ценет и почитуван проф. Д-р Јовица Угриновски“ – известија од клиниката Неуромедика, чиј основач и претседател на Управниот одбор беше ценетиот неврохирург.

pochina-prof-d-r-jovica-ugrinovski-na-77-godishna-vozrast-01.jpg

Ценетиот неврохирург проф. Д-р Јовица Угриновски, денес почина на 77 години, по тешко боледување.

Тој беше основач и претседател на Управниот одбор на клиниката Неуромедика, од каде ја објавија веста на социјалните мрежи:

Со огромна жалост сакаме да ве известиме дека утрово на 77-годишна возраст по тешко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф. Д-р Јовица Угриновски.

Проф. Д-р Јовица Угриновски беше основач и претседател на Управниот одбор на "НЕУРОМЕДИКА".

Менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето.

Вечна му слава!

pochina-prof-d-r-jovica-ugrinovski-na-77-godishna-vozrast-02.jpg

Во дигиталната македонска енциклопедија, за него пишува:

Специјализирал неврохирургија во Скопје (1975), завршил три постдипломски курса по неврохирургија во Монпелје (1977), Манчестер (1978) и Братислава (1981), магистрирал (1978) и докторирал (1986).

Придонел во воведувањето на проспективниот предвидувачки скоринг систем во неврохирургијата и методот на премостување на крвните садови во мозокот.

При атентатот врз Претседателот на РМ Киро Глигоров (Скопје, 1994) изведе сложени неврохируршки оперативни зафати. 

Би можело да ве интересира:

Нашиот Мики Секуловски воодушеви во „Ѕвездите на Гранд“: „Ти си ајкула, местото ти е во финалето“ Босанац, кој е познат по тоа што ретко дели комплименти, по настапот, му кажа на...
Почина Зоки Фаци по долга борба со ракот Новинарот и водител Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, почина утрово по до...
„Сега сама ги споделувам нашите спомени и дружења“ - Пријателите и естрадата се простуваат од Зоки Ф... „Збогум Зочко, беше прекрасен човек, полн со емпатија, полн со љубов и желба за ...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Инстаграм профилот на Ана од Охрид е како сцена од есенска бајка (фото) „Есента ми е омилена најмногу заради природата, нејзините бои, мирисот на цимет,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg