Нашиот Мики Секуловски воодушеви во „Ѕвездите на Гранд“: „Ти си ајкула, местото ти е во финалето“
- Детали
- недела, 21 јануари 2024
Босанац, кој е познат по тоа што ретко дели комплименти, по настапот, му кажа на Мики дека е вистинска ајкула на сцената.
Македонскиот пејач Мики Секуловски од Велес, имаше фантастичен настап во „Ѕвездите на Гранд“. Тој пееше прв во емисијата што се прикажуваше вчеравечер (20.01) и освои шест гласа од жирито.
Велешанецот Мики овој пат ги испеа „Остала си увијек иста“ од Мишо Ковач и „Ако су то само биле лажи“ од Плави оркестар.
Неговиот талент уште од првото појавување му носи позитивни коментари кај жирито, па Босанац, кој е познат по тоа дека ретко дели комплименти, по вчерашниот настап му кажа дека е вистинска ајкула на сцената.
Своето воодушевување не го криеше ни Ѓорѓе Давид.
„Македонец, мислам дека ти си најприроден кога пееш. Оваа година сигурно ќе бидеш финалист, местото ти е таму, и ако некој го оспори тоа, може да си оди дома. Ти си подготвен да снимиш и албум, а можеш да направиш обработка на буквално секоја песна - малку пејачи имаат таква способност“, му рече Давид.
Мики, кого публиката кај нас го запозна преку учеството во шоуто „Македонски идол“, работи со Цеца Ражнатовиќ, која му е ментор.
Таа во минатото коло беше толку воодушевена од неговото пеење, што истрча боса на сцената за да го изгушка.
Настапот на Мики Секуловски почнува на 03:30:
Прочитајте и Цеца боса на сцената на „Гранд“, воодушевено истрча за да го бакне велешанецот Мики Секуловски
А. Ј. | Црнобело