Ѕвездите на битолското кабаре на хедонистички одмор на Халкидики (фото)
- Детали
- петок, 26 јули 2024
Коктели, тенис на плажа, пури, вечерни излегувања - ѕвездите на битолското кабаре се на заедничко летување во Грција...
Пејачите Полина Тасева и Иван Наумовски и танчарките Теа Ставревска и Наталија Димовска, кои настапуваат во „Голд Фелициа“ се на летување на Халкидики.
Ѕвездите на битолското кабаре веќе неколку дена уживаат на првиот крак во Грција, во вистински хедонистички одмор. Тие се во Неа Мудања, од каде што посетија неколку околни места и плажи.
Преку Инстаграм, тие покажаа како си поминуваат на летувањето, па споделија фотки од плажа, од вечерните излегувања, додека пијат коктели...
Иван, кој е познат како љубител на пури, си го дозволи ова задоволство и на одморот, а откри и дека на самата плажа, во еден од познатите бич барови, има човек кој витка пури пред туристите.
Дамите, пак, споделија фотки во бикини на кои изгледаат прекрасно.
„Усогласени од првиот ден“, стои на Инстаграм Стори објавата на Теа и Наталија, а на која носат слични бикини.
„Срце од злато“, напиша Полина на една од ретките фотографии што ги сподели на својот Инстаграм.