Цеца боса на сцената на „Гранд“, воодушевено истрча за да го бакне велешанецот Мики Секуловски

Мики Секуловски, велешанецот кој се прослави со „Македонски идол“ во 2011 година, сега важи за еден од фаворитите за победа во „Ѕвездите на Гранд“ – ги воодушеви членовите на жирито, а Цеца излезе боса на сцена за да го изгушка.

miki-ceca-01.jpg

Македонскиот пејач Мики Секуловски, кој се прослави со музичкото шоу „Македонски идол“ во 2011 година, сега се натпреварува во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Мики, кој е од Велес, уште од своето прво појавување важи за еден од најголемите фаворити за победа, а негов ментор е Цеца Ражнатовиќ.

Таа не го криеше воодушевувањето ни кога првпат го слушна Мики како пее, но ни во последната емисија од „Ѕвездите на Гранд“ (што се прикажа на 18.11).

Цеца беше до толку среќна, што возбудено истрча боса на сцената за да му честита и да го бакне.

ceca-bosa-na-scenata-na-grand-voodusheveno-istrcha-za-da-go-bakne-veleshanecot-miki-sekulovski-02.jpg

Мики овој пат ги пееше „Nakon svih ovih godina“ од „Бијело дугме“ и „Alfa Rome o GTA“ од Дадо Топиќ, па ја крена атмосферата во студиото.

Тој доби комплименти од сите членови на жирито и за пеењето и за изборот на песните и, со 6 гласа, го продолжи натпреварувањето.

ceca-bosa-na-scenata-na-grand-voodusheveno-istrcha-za-da-go-bakne-veleshanecot-miki-sekulovski-04.jpg

„Одам јас да си го гушнам мојот кандидат“, рече Цеца и истрча боса на сцената, па се поткрена на прсти за да успее убаво да го прегрне.

ceca-bosa-na-scenata-na-grand-voodusheveno-istrcha-za-da-go-bakne-veleshanecot-miki-sekulovski-03.jpg

Настапот на Мики Секуловски почнува на 1 час и 50 минути во видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Жарко Димоски го прослави првиот роденден на синот - забава покрај базен во морнарски стил за Вито Освен на облеката во морнарски стил, актерот и неговата сопруга Андреа внимавале...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg