Игор Џамбазов ја вдоми кучката Ферхунде: „Ќе живееме среќно до крајот на мојот живот“
- Детали
- понеделник, 05 февруари 2024
„Од денес Ферхунде Граникова започна нов живот. Далеку од опасните дојрански улици, по кои камионите шибаат стотка на саат. Далеку од лошото друштво во Сретеново со кое се дружеше, со бурен ноќен живот и лаење по ѕвездите до пет сабајле“, напиша Џамбазов на Инстаграм.
Актерот и шоумен Игор Џамбазов има нов миленик, кучката Ферхунде за која се грижеше во Дојран и ѝ носеше јадење изминатиот период.
Тој на Инстаграм објави видео во кое се пофали дека ќе ја вдоми Ферхунде, откако таа ќе биде згрижена, исчистена од паразити и крлежи во ветеринарна амбуланта во Гевгелија, а потоа ќе ја врати кај себе во Дојран и таму ќе живеат среќно до крајот на неговиот живот.
„Од денес Ферхунде Граникова започна нов живот. Далеку од опасните дојрански улици, по кои камионите шибаат стотка на саат. Далеку од лошото друштво во Сретеново со кое за жал се дружеше, со бурен ноќен живот и лаење по ѕвездите до пет сабајле.
Утрово ја сместивме во патничко возило и ја однесовме во нејзиниот привремен дом, во Гевгелија, кај тета Александра и чичо Коко. Тие ќе ја исчистат од паразити во мешето, крлежи по крзното, па бањање, па малку козметика, па шетање, па лапачка, па на крајот мирен сон.
А кога Ферхунде конечно ќе дипломира, се враќа во родниот крај каде што ќе живееме среќно до крајот на мојот живот“, напиша Игор.
Претходно, познатиот актер чуваше мачка, Емче, но во септември 2023 таа почина.