Игор Џамбазов позитивен пример за грижата за животните: Jа нахрани кучката Ферхунде
- Детали
- понеделник, 22 јануари 2024
„Појадок за Ферхунде“ – Игор Џамбазов објави видео во кое ја покажа својата нова пријателка од Дојран, на која ѝ носи појадок наутро.
Свој и оригинален, нашиот актер и шоумен Игор Џамбазов уште еднаш покажа дека има срце како планина и дека премногу ги сака животните.
Тој долго време се грижеше за неговата мачка Емче која, за жал, минатата година се пресели на небото, а сега Игор сподели видео во кое покажа дека се грижи и за животните што ќе ги најде на улица, па дури и им дава досетливи имиња.
Додека престојува во Дојран деновиве, Игор сретнал нова крзнена пријателка, за чиешто име бил инспириран од турските серии, па така, кафеаво црната кучка во Дојран сега ќе биде запаметена како Ферхунде.
Во краткото видео што го сподели на Инстаграм се гледа како Игор на својата пријателка ѝ носи пилешки стек за појадок, а потоа почека да го изеде, за да ја собере чинијата и да ја фрли во корпа за отпадоци.
А, дека Игор успеал брзо да се спријатели со Ферхунде, доказ е и тоа што таа штом го виде дека доаѓа со чинијата во рака, веднаш весело притрча кон него, мавтајќи со опашката.
Игор уште еднаш ни покажа што значи да се сакаат животните и дека не треба премногу за да ја освоиме нивната љубов. Потребно е само да ги сакаме, и понекогаш да ги изненадиме со пилешки стек.
Погледнете го видеото:
Б. С. Б. | Црнобело