Македонката Оливера беше на Super Bowl: „Билетите се продаваат и за над 10.000 долари, пеев опера на ТВ пренос во живо“

„Ова беше искуство што нема никогаш да го заборавам. Годинава имаше навистина многу ѕвезди на стадионот, а Тејлор Свифт беше најголема од сите. Нејзината ложа беше спроти нашата, но ако зумираш со телефонот, можеше многу лесно да ја видиш“, вели Оливера Ѓоргоска, која беше на Super Bowl 2024.

makedonkata-olivera-gjorgoska-na-super-bowl-biletite-se-prodavaat-i-nad-10-000-dolari-peev-opera-vo-tv-prenos-vo-zhivo-01.jpg.jpg

Македонската пејачка Оливера Ѓоргоска, која публиката ја памети по шоуто „Моја ѕвезда“, скоро десет години живее во Лас Вегас.

Таму замина на музичко дошколување, но остана да живее во САД, каде што работи и како професорка по музичко и вокален тренер (vocal coach) за некои познати личности.

makedonkata-olivera-gjorgoska-na-super-bowl-biletite-se-prodavaat-i-nad-10-000-dolari-peev-opera-vo-tv-prenos-vo-zhivo-09.jpg

Оливера во годините поминати во Лас Вегас често се сретнува со светските ѕвезди, а меѓу нив се и Селин Дион и Шекил О’Нил, за кого вели дека е прекрасен човек, и веќе разговарале за музичка соработка, бидејќи познатиот кошаркар и рапува.

Таа деновиве објави и селфи со пејачот Пост Малоун, кој на 11.02 го отвори Super Bowl 2024.

makedonkata-olivera-gjorgoska-na-super-bowl-biletite-se-prodavaat-i-nad-10-000-dolari-peev-opera-vo-tv-prenos-vo-zhivo-20.jpg

Tокму Super Bowl, најголемиот спортски настан во САД, се одржа во Лас Вегас.

А нашата Оливера беше една од илјадниците луѓе на стадионот кои го гледаа финалето на рагби сезоната во живо.

makedonkata-olivera-gjorgoska-na-super-bowl-biletite-se-prodavaat-i-nad-10-000-dolari-peev-opera-vo-tv-prenos-vo-zhivo-04.jpg

Таа за CRNOBELO.com ги раскажа своите впечатоци:

„Ова беше искуство што нема никогаш да го заборавам. Годинава имаше навистина многу ѕвезди на стадионот, па тука беа Кели Кларксон, Џеј Зи, Ким Кардашијан, Блејк Лајвли и Тејлор Свифт како најголема ѕвезда од сите.

Нејзината ложа беше спроти нашата, но ако зумираш со телефонот, можеше многу лесно да ја видиш. Ја имаше често на големите екрани, па ја даваа дури и како пие пиво на екс додека седи во ложата и навива.

makedonkata-olivera-gjorgoska-na-super-bowl-biletite-se-prodavaat-i-nad-10-000-dolari-peev-opera-vo-tv-prenos-vo-zhivo-111.jpg

Шоуто на Ашер беше лудо. Сцената ја склопија за десет минути, беше неописливо искуство да се гледа целиот негов настап во живо.

Ние секоја година навиваме за Chiefs, кои постојано победуваат, но оваа година решивме да смениме и да навиваме за San Francisco 49ers, но тие на крајот изгубија.

makedonkata-olivera-gjorgoska-na-super-bowl-biletite-se-prodavaat-i-nad-10-000-dolari-peev-opera-vo-tv-prenos-vo-zhivo-03_1.jpg

Пред да влеземе на стадионот, со другарките зборувавме за Telemundo, позната американско-шпанска телевизиска мрежа во САД. Јас дури им пеев и опера во живо.  

Инаку, најевтината влезница е 4.000 долари, а како се наближува денот на финалето, некои ги препродаваат и за над 10.000 долари“.

makedonkata-olivera-gjorgoska-na-super-bowl-biletite-se-prodavaat-i-nad-10-000-dolari-peev-opera-vo-tv-prenos-vo-zhivo-02_1.jpg

makedonkata-olivera-gjorgoska-na-super-bowl-biletite-se-prodavaat-i-nad-10-000-dolari-peev-opera-vo-tv-prenos-vo-zhivo-05.jpg

makedonkata-olivera-gjorgoska-na-super-bowl-biletite-se-prodavaat-i-nad-10-000-dolari-peev-opera-vo-tv-prenos-vo-zhivo-08.jpg

makedonkata-olivera-gjorgoska-na-super-bowl-biletite-se-prodavaat-i-nad-10-000-dolari-peev-opera-vo-tv-prenos-vo-zhivo-21.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg